Во оваа земја годината трае 13 месеци: Наместо 2023 година, сега е 2015 година
Етиопјаните во многу домови го слават почетокот на Новата година со гозба и покрај тешкотиите предизвикани од зголемените цени, војната и гладот што беснее на север.
Но, нивниот календар е единствен. Заостанува зад западниот за седум години и осум месеци, па во сабота на 11 септември 2021 година им започна 2015 година. Ова се должи на различното пресметување на годината на раѓање на Исус Христос, пишува Би-Би-Си.
Кога Католичката црква го промени пресметувањето во 500 година од нашата ера, Православната црква во Етиопија не го направи тоа. Така, сега, во Етиопија, Новата година се паѓа според западниот календар, на 11 септември или на 12-ти во престапната година.
Во Етиопија, секој од 12-те месеци има 30 дена, додека тринаесеттиот - последниот од годината - има пет или шест дена, во зависност од тоа дали е престапна година.
Времето исто така се пресметува поинаку - денот е поделен на два дванаесетчасовни поделби со почеток во шест часот, со што и пладне и полноќ паѓаат во шест часот по свое време.
Затоа, ако некој ве покани на кафе во Адис Абеба во 10 часот, немојте да се изненадите ако се појави во 16 часот.
