Домати за 60, краставици и праски за 30 денари: Омилено летувалиште на Македонците во Грција изненади со цените на пазарите
Неи Пори, едно од најпосетуваните летувалишта за македонските и српските туристи во Грција, и ова лето привлекува голем број посетители не само поради долгите песочни плажи и чистото море, туку и поради пристапните цени на локалниот пазар.
Ова туристичко место се наоѓа во областа Пиерија, во подножјето на планината Олимп, на брегот на Егејското Море. Од граничниот премин Богородица, Неи Пори е оддалечен околу 160 километри, што го прави една од омилените дестинации за викенд и летен одмор за македонските туристи, пишува Женски Магазин.
На Инстаграм-профилот „Грчка инфо“ неодамна беа објавени фотографии од локалниот пазар во Неи Пори, на кои може да се видат цените на овошјето и зеленчукот. Според објавеното, дел од производите се продаваат по цени кои се пониски од оние на некои пазари во Македонија.
Цените се однесуваат за еден килограм производ:
*Цреши – 2,50 евра - 154 денари
*Кајсии – 0,49 евра - 30 денари
*Нектарини – 0,50 евра - 31 денар
*Праски – 0,50 евра - 31 денар
*Банани – 1,50 евра - 92 денари
*Диња – 1,50 евра - 92 денари
*Лубеница – 0,69 евра - 42 денари
*Лук – 0,50 евра - 31 денар
*Кромид – 1 евро - 62 денари
*Црвени пиперки – 1 евро - 62 денари
*Домати – 1 евро - 62 денари
*Краставици – 0,50 евра ≈ 31 денар
Зелени пиперки – 0,90 евра - 55 денари
Фотографиите предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека цените на дел од сезонските производи се пониски од оние што моментално се нудат на домашните пазари.
Неи Пори последниве години важи за една од најбараните дестинации меѓу туристите од Македонија и Србија, пред сѐ поради широките песочни плажи, поволните цени за сместување и близината до познатите туристички центри како Платамонас и Лептокарија. Токму затоа, покрај уживањето на плажа, многу туристи редовно ги посетуваат локалните пазари каде можат да купат свежо овошје и зеленчук по поволни цени.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм
