Многу стресни денови за вагите, проблеми за лавот - Викенд хороскоп
Овен
За разлика од изминатите денови, следните два дена нема да имате потреба да се врзувате за семејството и упорно да им докажувате колку многу правите за нив. Ќе имате потреба да се покажете во полн сјај и да доминирате како во домот така и во средината во која се движите. Време е да ги посетите салоните за убавина или некој спа центар и да потрошите некој денар. Бидете внимателни и не дозволувајте да ве понесе еуфоријата
Бик
Би сакале да имате прилика да стекнете моќ над другите особено над конкуренцијата, ако тоа го постигнете, би требало да ја искористите оваа моќ за она што ви е потребно на вас, но и на оние околу вас. Немојте својата моќ да ја користите само за себе бидејќи тоа нема да ви донесе никаква предност. Некој Лав или Шкорпија ќе ви помогнат да донесете одлука.
Близнаци
Би требало да ги искористите деловните контакти бидејќи од нив ќе имате корист, барем кога станува збор за вашите лични интереси, дури иако на тоа воопшто не сте помислиле. На некој кој е влијателен можете да му се допаднете. Можеби ќе морате да се соочите со моќни притисоци и сили вперени кон вас од оние кои ве сметаат за силна конкуренција.
nextpage
Рак
Овие два дена ќе уживате во кругот на семејството. Вашиот хедонизам особено ќе дојде до израз. Вниманието што ќе го добиете ќе ве натера да се чувствувате како центар на светот. Ако одите на годишен одмор, внимавајте на трошоците. Имате потреба да отидете на некое ексклузивно место каде што ќе бидете видени и ќе можете да уживате, а тоа чини скапо. Доколку сте во брак, пред да направите каков било аранжман, консултирајте се со партнерот.
Лав
Овој викенд ќе имате проблеми со меѓучовечките односи. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да ја одберете потешката варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате. Не дозволувате никому да делува на било кој начин врз вас иако тоа би го направил со најдобра намера.
Девица
Ќе бидете во ситуација да се занимавате со нешто кое за вас ќе биде непозната област, со која вие немате никаков допир. Споделете ги вашите проблеми со најблиските и побарајте нивно мислење. Можете да добиете целосно решение за вашите проблеми или делумни идеи кон кои можете да го насочите вашето внимание.
nextpage
Вага
Викендов очекувајте стрeсови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши, па потоа ќе можете да здивнете.
Скорпија
Не се разочарувајте ако немате мотивација да се стремите кон остварување на вашите големи планови. Потребно е да се реорганизирате и да си ја повратите енергијата. Од утре ќе се почувствувате како нови. Но дотогаш, бидете потолерантни кон себе. Искористете го денот за повеќе размислување и психички труд, наместо да се фрлите на динамична активност.
Стрелец
Го избравте вистинскиот момент за да се активирате. Никогаш не е доцна, но вие по правило носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај се ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, односно за некој посериозен чекор напред.
nextpage
Јарец
Во прв план секогаш ви е друштвото. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања.Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работните обврски.
Водолија
Викендов ќе бидете доста ангажирани. Ќе следи поддршка од другите за она што го работите, но со неа ќе дојде и потребата да изреагирате или да ја искристализирате целата работа. Ќе поминете многу подобро отколку што сте се надевале, само ако се воздржите од коментари. Имајте го тоа на ум.
Риби
Викендов можат да ви се случат неочекувано важни настани што ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Вашите деловни соработници ќе посакаат да ја продолжат соработката со вас, обидете се да ги уверите дека нивната одлука е правилна.
