Економија, финансии, бизнис

Контакт

Викенд хороскоп 08 - 09 10 2016

Викенд хороскоп 08 - 09 10 2016

ОВЕН
Ако веќе имате започнато некои работи околу домот, викендов ќе бидете преокупирани со тоа и нема да имате време за одмор. Останатите овни ќе се покажат како добри домаќини и ќе го соберат семејството на ручек. Ако сте слободни, дружењето и комуникацијата ќе ви биде на прво место. Тоа особено ќе дојде до израз вториот ден од викендот кога е можно да запознаете личност родена во воздушен знак.

БИК
Ако се уште немате отидено на годишен одмор, викендов ќе имате голема желба да отидете во некое туристичко место и да вкусите барем мал дел од уживањето што ви го нуди летото. Комуникацијата со семејството ви е добра, но своето уживање го ставате пред се и поради тоа ќе се обидете да им се наметнете избирајќи некое познато и скапо место. Имате потреба да бидете во центар на вниманието и да се покажете во вистинско светло без лажна скромност. Ако сте слободни, ќе бидете опкружени со многу интересни личности и ќе ви биде тешко да се заинтересирате само за една.

БЛИЗНАЦИ
Местата кои се преполни со луѓе, се цел на вашите вечерни излегувања. Но, викендов сите ќе бидат изненадени од потребата да останете дома и да комуницирате со семејството. Имате нагласена потреба да учествувате во семејните договори и да им наметнете дел од своите интереси. Вториот ден од викендот сепак нема да му одолеете на друштвото и ќе му се придружите. Личноста родена во воздушен знак, која неодоливо ве привлекува, ќе биде таму и ќе започнете комуникација. Другото зависи од вас.

РАК
Грижата околу еден член од семејството ве оптоварува и викендов ќе имате потреба да му се посветите и да му покажете дека многу ви значи. Ако се уште не сте отишле на годишен одмор, можно е во текот на овие денови да тргнете на пат. Оставете ги емоциите на страна и обидете се да се опуштите. Бидете внимателни и не покажувајте нервоза. На тој начин можете да срушите се што сте испланирале. Доколку сте слободни, очекувајте средба со мистериозна личност родена во воден знак. Личноста е многу затворена и тоа највеќе ќе ве привлече кон неа.

ЛАВ
Единствено нешто што може да ве мотивира да излезете од својот хедонистички свет е добрата заработувачка. Дури и во тој случај избирате што ќе работите и ја избегнувате физичката работа. Деновиве ќе бидете многу тврдоглави и без намера да отстапите од она што сте го замислиле. Во себе малку се колебате и разработувате различни варијанти, но не дозволувате опкружувањето да го забележи тоа. Осамените бикови се уште размислуваат за старата љубов.

ДЕВИЦА
Понекогаш знаете да бидете нетолерантни и многу да барате од другите, но тоа е само поради тоа што вие сте во состојба да дадете се од себе без да се штедите. Сакате да бидете во центар на вниманието, но тоа никогаш не е за да ги понижите другите, туку за да се издигнете себеси. Доколку сте сами, чувствувате потреба за хармоничен однос со спротивниот пол. Викендов, во едно поголемо друштво, можно е да запознаете една личност која ќе ве потсети на старата љубов.

ВАГА
Преполни сте со самодоверба и имате потреба да бидете во центар на вниманието. Пријателите и семејството не можат да ве препознаат, особено поради потребата да им се наметнете. Тие се навикнати да се однесувате дипломатски и да не го зголемувате тонот непотребно. Викендов е можно да отпатувате на краток пат, но бидете особено претпазливи со трошоците. Имате зголемена потреба за трошење што може сериозно да ви го наруши семејниот буџет. Доколку сте вљубени, очекувајте прекрасен викенд со многу пријатни средби.

СКОРПИЈА
Препуштени сте на емоциите и немате особена потреба за дружење. Се уште се чувствувате како целиот свет да лежи на вашите плеќи и имате голема потреба да отидете некаде и да заборавите на се. Викендов ќе се занимавате со домашните работи и тоа ќе ви одземе поголем дел од времето. Доколку планирате да отпатувате внимавајте како возите. Концентрацијата ви е намалена и најдобро е воланот да му го препуштите на некој друг. Доколку сте осамени, време е сериозно да размислите дали личноста за која постојано размислувате го заслужува тоа.

СТРЕЛЕЦ
Викендов ќе се занимавате со семејните финансии. Тоа никако не ви оди од рака и ќе морате да побарате помош од партнерот или од некој член на семејството. Имате потреба работите да ги доведете во ред и тоа ве прави нервозни и избувливи. Ако планирате пат, одберете место каде што ќе можете да заборавите на се и да соберете енергија за периодот кој ве очекува. Партнерот е посветен на семејството и тоа ви пречи. Имате зголемена потреба за внимание. Ако сте осамени, движете се на места каде што има добра храна. Може да сретнете некого што ќе ве заинтересира.

ЈАРЕЦ
Ако планирате некое реновирање или градење, викендов ќе ви помине во работна атмосфера. Всушност вие повеќе имате желба работите да останат по старо, но не можете да му се спротивставите на притисокот на семејството. Како да сте фатени во стапица и не можете да излезете од неа. Ако планирате пат, бидете претпазливи и не влегувајте во конфликти со партнерот или некој член од семејството. Најдобро е да се повлечете и да заборавите на своите тврдоглавост и суета. Доколку сте слободни, една личност од минатото ќе ви испрати глас преку пријател.

ВОДОЛИЈА
Работата ви одзема поголем дел од времето и поради тоа го запоставивте дружењето. Пријателите не ви забележуваат, затоа што знаат дека имате приоритети на кои морате да им се посветите. Работите ви одат добро, но вие сакате многу повеќе од она што го добивате и поради тоа ве обзема нервоза. Можно е да отидете на краток пат, но и таму ќе ја пренесете нервозата и нема да можете да се опуштите. Ако сте слободни, можна е средба со личност родена во воздушен знак. Конверзацијата ќе биде добра, но за ваша жал, кратко ќе трае.

РИБИ
Имате зголемена потреба за љубов. Сакате и да примате и да давате, но не, скриено како што тоа вообичаено го правите, туку сакате на сите да им ставите до знаење што чувствувате. Периодов ви е многу добар и не знаете како да се справите со толкав наплив на емоции. Ако патувате на викенд или на годишен одмор, време е да престанете да мислите на семејството и да си дадете шанса да уживате. Потребата за жртвување ќе биде помала од вообичаено, но сепак нема да можете да избегате од себе.


Слично

Поврзани вести