Тие се најдобрите мажи во Зодијакот-за своите дами би дале се!
Особините на овие мажи далеку ги надминуваат нивните маани. Со нив животот е исполнет со почит, верност, но и забава. Тие нема да бидат само партнери и љубовници туку и најдобри пријатели.
1. Водолија
Ако барате романтичен маж со слатка и чувствителна страна, Водолијата е создадена за вас. Тој е совршен партнер, бидејќи секогаш ќе биде свесен за вашите желби и потреби, а ќе направи сѐ што е во негова моќ да бидете задоволни.
Со вечна желба да го следи своето срце, можете да бидете сигурни дека овој човек ќе биде отворен, чесен и верен без разлика на ситуацијата.
Една од мааните на овој знак е што знаат да бидат премногу чувствителни и тврдоглави. Но, имаат многу особини кои се поважни од тие мали маани. Со Водолијата никогаш нема да ви биде досадно и нема да се грижите дали нешто се случува или нешто крие од вас.
Водолиите имаат здрава перцепција за љубовта и ќе ви пружат простор и слобода, колку и да ви требаат. Со нив никогаш нема да се чувствувате како да сте во замка. Тие бараат креативна, интелигентна и чесна партнерка.
nextpage
2. Лав
Лавот е идеален партнер за храбри жени кои одат низ животот со крената глава. Тој е роден водач со голема харизма која секој ќе го фрли на колена. Врската со Лав главно е многу страсна и секогаш полна со изненадувања.
Во моменти на одлуки, кога ќе настане судир во мислења, неговата страст ќе го разбуди бунтовниот дух и гордост, бидејќи сѐ мора да биде како што замислил тој. Но, немојте да се обесхрабрувате.
Не постои подарежлив и поверен партнер од Лавот. Како партнер е нестрашлив и секогаш можете да сметате на тоа дека ќе се бори за вас и со вас. Со толку силен и страстен партнер до себе, не мора да се грижите дали животот ќе ви биде досаден. Врската со Лавот е обележана со почит, страст, верност и забава. Ако секогаш имате на ум дека на вашиот партнер му е потребна дозвола за сѐ што направил, ќе ви ја врати десетпати повеќе.
Лавовите кај партнерката бараат некој кој ќе ги разбере и ќе биде доволно силна, да не се изгуби во нивната страст и харизма. Мора да бидат еднакви.
nextpage
3. Скорпион
Мажот Скорпион е многу силен маж и без точка сомнение може целосно да му се препуштите. Кога зборуваме за љубовта на Скорпионот кон партнерката, можете да бидете сигурни дека има очи само за вас и дека на крај ќе го сакате, не само како партнер, туку и како најдобар пријател.
Секогаш ќе ве дочека со раширени раце и вашите тајни ќе ги чува до последен здив. Бидејќи се многу чесни и страсни во животот, секогаш ќе ги опкружуваат многу луѓе, а непочитувањето за нив е смртен грев.
Иако на Скорпионите им е потребно подолго време да се заљубат, во љубовта целосно ќе ви се посветат и ќе ви бидат верни до крај. Овој знак е најсензибилен од сите, па ако се одлучите за Скорпионот, вашето секојдневие ќе биде исполнето со страст и љубов, пишува Peace Quarters.
