СРЕЌЕН МЕСЕЦ: Хороскопски знаци кои ќе имаат многу ПАРИ во октомври 2017!
Водолија
Нагласени ви се партнерските и пријателските односи, како и туѓи пари. Ќе добиете дополнителна сума пари, но ќе треба да се потрудите и сами да стигнете до неа. Посебно нагласени датуми за такво нешто се 18 и 25 октомври. Во контактот со пријателите ќе треба да покажете дипломатија, бидејќи ова ќе е период кога вашите пријатели ќе ви ги прераскажуваат своите нервозни ситуации. Ако можете да помогнете со совет, добро, но ако не можете со совет, не нудете пари за да се заврши нечија работа, бидејќи ќе останете без таа сума. Од партнерот/ партнерката ве очекува подарок, а може да е и во вид на платено патување.
nextpage
Лав
Заработување или како да се дојде до поголема сума пари е вашиот интерес овој месец. На неколку наврати ќе добиете поголема или непланирана сума, можеби хонорар. Како и да е, некои трошоци, планирани или не, ќе ви однесат и добар дел од тие пари. Во деновите околу 13 октомври ве очекуваат некакви дополнителни обврски со деца: од трошење пари до разрешување на некакви недоразбирања. Крајот на месецот ќе ве дочека во движење, на пат, на улица, во зачестена комуникација, излегувања но не само заради забава, туку и заради завршување на потреби. Љубовта ви е стабилна во овој период.
nextpage
Близнаци
На 13 октомври Марс влегува во вашето поле на партнерски односи и други луѓе, а тоа за вас може да донесе вложување на поголема енергија да ги задржите односите хармонични, или пак едноставно нервозни ситуации поради други луѓе. Се препорачува внимателност во сите контакти, бидејќи несакајќи ќе ги провоцирате другите на кавга, и посебно во деновите околу 13 и 22 октомври. Лесно до пари овој месец, или поинаку кажано – парите ќе ги заработите на пријатен начин, со работа која ќе ви претставува задоволство да ја завршите. Нагласени се и обврски по дома, посебно во првата половина од месецот.
