Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што може да ве расплаче? Стрелците ако останат без пари, Близнаците кога се немоќни

Што може да ве расплаче? Стрелците ако останат без пари, Близнаците кога се немоќни

Како што ѕвездите и астрологијата може да ви открие што ви е потребно за љубов, што ве прави среќни, така може и да ви открие која е единствената работа која може да ве расплаче.

Никој не е имун на солзи, па затоа прочитајте што е она што емотивно го уништува вашиот знак:

Овен

Суетни сте и емотивни, па лесно може да заплачете доколку личноста која ја сакате и се грижите за неа, ве напушти, изневери или едноставно ја снема. Тогаш плачете бидејќи сте немоќни да и се одмаздите, бидејќи уште ја сакате. Чувствителни сте и на деца, па било каков облик на насилство врз нив во вас предизвикува страв и гнев, посебно ако не можете да направите ништо за да помогнете.

Бик

Сите мислат дека сте практични бидејќи цврсто стоите на земја и ништо не може да ве помести, што е во главно точно. Но, кога ќе почнат да ве прогонуваат мислите од незаборавната љубовна романса која не можела да се оствари со среќен крај, солзите почнуваат да течат. Патите во тишина, со омилената музика и пијалакот кој некогаш заедно го пиевте. Не се јавувате на телефон, сè додека сами не ја надминете тагата.

Близнаци

Обично плачете кога нешто ви е ускратено, а вие сте немоќни тоа да го промените. Заради вашите каприци и чудна природа, во состојба сте да се расплачете за работи кои на другите им делуваат потполно неважно. Недостатокот на љубезност и почит кон старите лица, како и негрижата за нив исто така ве растажува.

nextpage

Рак

Заради нагласената суета, во состојба сте да се расплачете и го најголемата гужва, само затоа што некој ве повредил или работите не одат во ваша полза, онака како што сте наумиле. Кога некој од вашите блиски е болен или му е потребна помош, исто така сте тажни, но сепак преземате акција. Ќе ја ангажирате и организирате целата фамилија ако треба, но вас тешко ви паѓа да ги гледате во таква состојба.

Лав

Болеста и лошата здравствена состојба на близок член во семејството или пак ситуација од која не можете да ги заштитите саканите, може да ве доведе до очај. Не сакате кога чувствувате дека рацете ви се врзани. Агресивното однесување, посебно кон децата и животните исто така може да ве расплаче. Жалите за сите кои се незаштитени.

Девица

Кога вашето его е повредено ви паѓа најтешко, иако често знаете да се расплачете за лошата судбина на другите, а не за својата. Посебно сте чувствителни кон старите и беспомошни лица, па посетата на старечки дом може да ве уништи. Кога ќе видите мало животинче кое едвај преживува, автоматски ви се јавува глас кој ви вели „зошто не го земеш?“

nextpage

Вага

Иако знаете емотивно бурно да реагирате, не е лесно да се расплачете, бидејќи за оваа работа сте воздржани. Се згрозувате од драмите на јавно место и искажување на емоциите, но ако личноста која ја сакате ве изневери, манипулира или лаже, тогаш сте беспомошни. Кога ќе се приберете дома ќе ја симнете маската на незаинтересираност и добро ќе се исплачете, со ветување дека никој никогаш повторно нема така да ве изигра.

Скорпија

Знаете да заплачете кога се работи за некој пријатен настан како на пример, свадба. Доволно е една песна да ве погоди за емоциите да испливаат. Плачете претежно на позитивни настани, па ако сте импресионирани од нечиј успех, пофалбите ќе ги кажете низ солзи. Сепак, не сакате кога во успесите сте учествувале и вие, а никој не ви се ни заблагодарил. И тоа е уште една работа која ве растажува.

Стрелец

Кога ќе останете без пари, ви доаѓа да плачете и врескате со денови, бидејќи тогаш ве фаќа паника заради тоа што сте немоќни. Го презирате чувството на сиромаштија и немоќ. Ве погодува и неправдата кон тоталните странци, како и болестите и бедата. Се плашите и од природни катастрофи. Ве растажува мислата дека некој друг профитира од нечија мака.

nextpage

Јарец

Старите семејни албуми добро знаат да ве расплакаат. Спомените кои се во облик на фотографии или кутии со ситници се она што ве растажува, бидејќи обично патите за старите добри времиња. Ако сте млади, знаете со часови да ги препрочитувате пораките на мобилниот од личноста која ви фали и во комбинација со тажна песна, да плачете со часови.

Водолија

Главно плачете кога ќе паднете во дупката која сте ја копале за друг, а најчесто заради партнерот кој ве оставил бидејќи сте му ветувале кули и градови, а ништо не сте исполниле. Сепак, вашиот ум смислува начини како да ги сопре солзите во секоја ситуација. Пријателите може да ве растажат доколку ве изневерат. Уште една работа која ве уништува е човечката нечувствителност, вестите за напуштени бебиња и малтретирани деца.

Риби

Припадници сте на еден од најемотивните знаци, па вас е многу лесно да ве расплакаат, посебно ако се чувствувате изневерено и изманипулирано. Солзите лесно си го наоѓаат патот дури и кога гледате романтични филмови и серии, а ништо не може да погоди како приказна за злоставувано животно. За да се заштитите, мора да се тргнете од црната хроника, во спротивно, постојано ќе плачете.


Слично

Поврзани вести