Секоја вечер јаде ист оброк: Диетата на Лепа Брена
Лепа Брена и на 58 години може да се пофали со беспрекорна линија на која може да ѝ позавидат и многу помлади колешки. Популарната пејачка својот младешки изглед го одржува со редовно вежбање, но и со здрава и лесна храна.
Фолк-ѕвездата конечно откри како останува во топ-форма. Утрото го почнува со јога, а секоја вечер јаде ист оброк.
- Вечерам исклучиво овесни снегулки со ленено семе, малини и капини. Тоа ми стана рутина - призна таа во интервју за „Хит Информер“.
Брена открива дека комплетно ги отфрлила млечните производи од нејзиното мени. За нејзината фигура, Лепа Брена проговори и во претходно интервју за „Женски Магазин“.
Слично
