Рафали од мотоцикл летале кон БМВ
Ноќеска, половина час по 23 во центарот на Скопје, поточно кај градска болница летале рафали.
Имено, две лица на мотоцикл испукале неколку рафали во правец на автомобил БМВ во движење.
Автомобилот бил управуван од 18-годишен Велешанец, во инцидентот чии причини се утврдуваат нема повредени а по двете лица на мотоциклот надлежните тргаат.
На автобуската постојка кај хируршката болница „Св. Наум Охридски“ каде и што се одвивал настанот полицијата нашла чаури.
Повеќе детали за овој инцидент се очекуваат денеска.
Слично
