Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕКОЛЕН МЕСЕЦ: За овие ТРИ хороскопски знаци ЈУЛИ ќе биде лош месец

ПЕКОЛЕН МЕСЕЦ: За овие ТРИ хороскопски знаци ЈУЛИ ќе биде лош месец

Девица
Повремените пропусти што ве следат за време на престојот на вашиот владетел Меркур во Близнаци и во вашето поле на кариерата и опозицијата со Сатурн до 30-ти јули се знак за лоша концентрација или недостиг н а време, со недостаток на внимание. Способноста за добро запазување и вештината за брзото прилагодување во новите услови е секогаш вашиот главен адут во однос на бизнис конкуренцијата, но сега неможете да се потпрете на тоа па затоа бидете повнимателни. Неопходно е да се прилагодите на новите услови за работа и да оставите добар впечаток кај соработниците. Со поприкладен настап и темелен пристап, можно е да ја искористите позицијата на Јупитер во првото поле и на некој начин да профитирате од вашите идеи и способности. Меѓутоа, со оваа позиција на Јупитер мора да бидете повнимателни затоа што тој секогаш укажува на недостаток на чувства за детали, а со наведените аспекти на Меркур може да имате некои посериозни превиди во однос во процената. 


nextpage

Јарец
Периодот почна со фаза на полна Месечина во вашиот знак, што е јасен сигнал дека сте склони на исправување Криви Дрини отколку на сериозни работни обврски. Со оглед на тоа што овој аспект е незгоден на односите со околината, советот е пред да почнете да ги критикувате другите прво треба да „изброите до десет“, иако ниту до триесет нема да штети. Поважно од се е јасно да ги дефинирате вашите бизнис и финансиски цели во консултација со доверливите соработници. Неопходна ви е поддршка за да ги постигнете своите цели, и бидете толерантни кон луѓето од вашето опкружување. Меркур дополнително ја комплицира ситуацијата со влегувањето во областа на јавните настапи и директната конфронтација, на 30-ти јули. Можно е вашата работа и резултатите на некој начин да бидат под контрола на животната средина. Ќе имате чувство дека некој постојано го оценува она што вие го правите. Особено е лошо време за сите припадници на знакот роден кон крајот на декември, бидејќи освен со личните конфликти може да се соочи со турбулентна внатрешна криза.
nextpage

Скорпија
Ретроградниот Марс, владетелот на знакот веќе некое време врши притисок и бара да се редфинираат голем број на односи меѓу кои и оние на работен план. Сепак не менувајте ништо додека не почне да се движи директно од 1-ви јули. Ни по самото свртување не би требало да ги форсирате нештата туку да дозволите самите настани да се наместат па дури потоа да повлекувате потези. Важно е околу вас да имате група соработници на кои можете да им верувате, затоа што комбинацијата од различните стратегии носи позитивни резултати, посебно кога сте под вакви аспекти. Во финансиска смисла, и покрај ваквата состојба на владејачката планета ќе бидете во позиција да ја зголемите вашата заработка и успешно да решите некои имотни или инвестициски прашања. Во периодот до 12-ти јули со влегувањето на Венера во вашето поле на кариерата и со отпочнување на тригонот со Сатурн во полето на парите, ситуацијата значително ќе се подобри. Од 13-ти јули со влегувањето на Меркур настаните ќе се умножат и ќе се стекнат услови за постигнување договори.


Слично

Поврзани вести