Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие хороскопски знаци ќе имаат пеколен октомври, проверете дали сте меѓу нив

Овие хороскопски знаци ќе имаат пеколен октомври, проверете дали сте меѓу нив

Непријатен месец ги очекува овие два хороскопски знаци. Ако сте еден од нив, најдобро е да внимавате во вашите одлуки, и да не избрзувате.

ВАГА – Многу измешани настани за вас драги Ваги во овој месец: почетоци, завршетоци, кавга со лошо настроен човек кој одамна „си го бара“, неочекувани информации од партнерот/ партнерката и слично. Затемнувањето на Месечината ќе започне серија на настани кои ќе потраат до наредната година. Не е исклучена и можноста да прекинете односи со лицето кое веќе ве лажело, а речиси сигурно е дека ќе подготвите противудар.

ЛАВ – Ненадејни ситуации ќе ве фрлаат од една во друга крајност: на моменти збунети и дезориентирани, па сè до агресивни и кавгаџиски настроени. Сето тоа ќе е проследено со недоречени или погрешно пренесени зборови, ваши или туѓи, како и средби кои се закажани, па откажани, па повторно презакажани. Многу е веројатно и дека ќе треба да консултирате правно лице или да го проучите законот.


Слично

Поврзани вести