Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКРИЕНА ЦРНА ДУПКА НАЈБЛИСКА ДО ЗЕМЈАТА: Оддалечена е само 1.600 светлосни години

ОТКРИЕНА ЦРНА ДУПКА НАЈБЛИСКА ДО ЗЕМЈАТА: Оддалечена е само 1.600 светлосни години

Научниците велат дека оваа црна дупка е 10 пати помасивна од нашето Сонце и три пати поблиску од претходната најблиска црна дупка.

Астрономите ја открија најблиската позната црна дупка до Земјата, оддалечена само 1.600 светлосни години.

Научниците денеска објавија дека оваа црна дупка е 10 пати помасивна од нашето Сонце и три пати поблиску од претходната најблиска црна дупка, пишува АП.

Регионот во вселената е идентификуван со набљудување на движењето на нејзината придружна ѕвезда, која орбитира околу црната дупка на приближно исто растојание како што Земјата орбитира околу Сонцето, пренесува Танјуг.

Црната дупка првично беше откриена од вселенското летало Гаја на Европската вселенска агенција, изјави Карим Ел-Бадри од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.

Тој и неговиот тим се обратија до Меѓународната опсерваторија Gemini на Хаваи за да ги потврдат своите наоди. Истражувачите велат дека не се сигурни како се формирала црната дупка во галаксијата Млечен Пат.

Слично

Поврзани вести