ОДЛИЧНИ БРАЧНИ ДРУГАРИ: Дами, омажете се за маж во некој од овие хороскопски знаци
Дами, омажете се за маж во некој од овие три хороскопски знаци.
Лав
Припадникот на овој знак е сопруг кој бара многу внимание, а доколку сака, тој може да биде најдобар маж на светот. Мора да знае дека е приоритет за жената, така што таа ќе му докажува колку го сака и посакува. Како партнер не е ригорозен и доста е емпатичен и, обично, кај него работите остануваат такви цел живот како што на самиот почеток ќе ги поставите. Всушност, тој е вистинско дете кое сака да се забавува, па сака жена која во себе има доза на спонтаност и разиграност.
nextpage
Риба
Припадникот на овој знак е како создаден за сопруг - во состојба е да се посвети на жената што ја сака и да ù ја даде сета љубов на светот без страв дека со тоа се загрозува неговата машкост и дека тоа го прави послаб. Со задоволство го минува времето со семејството, а еден е од оние знаци кои најмалку е веројатно дека ќе бидат неверни. Меѓутоа, ист ангажман бара и од другата страна - сака жена која ќе му покажува колку се грижи за него во секојдневниот живот. Караници не трпи и многу е мирољубиво настроен. Доколку нешто го мачи, најчесто ја собира фрустрацијата додека „не пукне“.
nextpage
Бик
Припадникот на овој знак обично се жени само
откако ќе ги има сите предуслови - работа, одредени години, решено станбено
прашање, а основање семејство може поскоро да го натера на брак. Тој е верен
сопруг, посветен на семејството и обично е нежен и има добродушна природа. Не е
баш ангажиран во домашните обврски, но тоа го надоместува со напорен труд на
работа. Бара жена со високо либидо, бидејќи тој е многу страстен. Во бракот
често се здебелува, па затоа треба да се охрабрува да се движи и да држи диета.
