Неделен љубовен хороскоп 03 04 - 09 04 2017
Овен
Во емотивната врска работите се поставени онака како што вие посакувате, не претерувајте со барањата можете повеќе да изгубите. Ќе имате мали недоразбирања со некои членови од семејството, потребен ви е компромис или едноставно побегнете од ситуацијата. Слободните ќе треба повеќе да се потрудат околу љубовниот живот и изборот на партнер.
Бик
Ќе успеете да воспостават контакт со личност која одамна не сте ја виделе, а не сте престанале да мислите на неа. Претставниците во сериозните врски ќе имаат прекрасен период со многу моменти на нежност и разбирање.
Близнаци
Емоционално сте во поволна ситуација но ќе треба да му посветите повеќе внимание на вашиот партнер. Бидете потолерантни, бидејќи расправиите во моментот можат многу лошо да делуваат врз вашата врска.
nextpage
Рак
Ќе доживеете многу радост во дружењето со пријателите. Можеби ќе запознаете нови личности кои подоцна ќе ви бидат многу важни како на професионален план така и на емотивен. Минатото е поминато не се оптеретувајте со тоа мислете повеќе на иднината и она што го носи новиот ден. Посветете повеќе внимание на пратнерот, не дозволувајте да се почуствува запоставен.
Лав
Потрудете се повеќе време да му посветите на семејството и на вашите најблиски. Одделете повеќе време за партнерот и не давајте и на саканата личност причина за сомнеж во вашата љубов ако сакате да ја зачувате врската.
Девица
Ви треба партнер кој моментално ќе ја разбе вашата состојба и ќе ви помогне во проблемите кои ве засегнуваат. Бидете претпазливи особено ако сте во брак, бидејќи непредвидливоста на вашите постапки може скапо да ве чини.
nextpage
Вага
Ве очекува вистинска бура. Настаните ќе се менуваат брзо, а вие тешко ќе можете да се снајдете така што поради невнимание можен е прекин со партнерот. Односите во семејството нема многу да ве радуваат, ќе мора да бидете потрпеливи за да ги избегнете расправиите.
Скорпија
Ве очекува просечен љубовен период, без некои поголеми возбудувања. Многу сте емоционални и фокусирани на вашиот партнер. Дружете се повеќе со пријателите и почнете да размислувате за своите животни цели и внатерешни мотивации. Слободните ќе зрачат со магнетска привлвлечност. Имате големи прилики неделава да ја најдите вистинската лижност за вас.
Стрелец
Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување.
nextpage
Јарец
Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги надминете безпричинските караници со саканата личност. Желбата да промените нешто ограничете ја на сопствениот изглед. Купете си нешто ново или сторете нешто со вашата фризура.
Водолија
Една мала криза ќе го расипи вашето расположение, па ако планирате средба со партнерот од која многу очекувате, воздржете се и одложете, се разбира ако не е многу тешко да го направите направи. Ако сте во брак, уживајте во секој убав момент што ви го овозможува вашиот брачен другар, зошто тоа е негов начин да ви искаже љубов и почит. Возвратете колку што сте во можност.
Риби
Многуте проблеми како и недостаток на вистинска прилика, ќе ги сведи вашите љубовни шанси на минимум. Сепак ако имате некоја тајна авантура или сте скришно заљубени, вашиот внатрешен живот ќе биде богат и потполно ќе ве исполни. И во сериозните врски ќе ја држете приватноста за себе, иако во вашето срце се случува бура..
