Неделен хороскоп 30 07 - 05 08 2018
ОВЕН Во следните денови целото ваше внимание се концентрира на домот, семејството и приватниот живот. Ќе се чувствувате убаво со своите најблиски и ќе вложувате во квалитетот на односите. Ќе имате чести посети од страна на вашите пријатели и ќе поминувате убави и релаксирани вечери во вашиот дом. За некои од вас, односот со еден од родителите ќе биде многу важен. Но сепак, она што е важно е дека во следниот период ќе имате отворени можности да средите некои нерасчистени емоции од минатото, а во исто време ќе создавате хармонија во своето најблиско окружување.
БИК Ќе почувствувате промена на енергијата во две сфери од вашиот живот. Прво и најважно е тоа што хаосот, тензијата и бунилото, ќе исчезнат. Во зависност од тоа дали сте родени порано или подоцна во знакот, ова ќе се случи веднаш, или во следните три недели. Се очекуваат патувања, подобрување на финансиско ниво, подигнување на креативноста, повеќе забава, романтични инволвирања и она што е највжно – се враќа вашата доверба во иднината. Тешкотиите ќе избледнеат, а задоволството ќе се зголеми. Другата важна промена се парите – на повидок се значајни подобрувања.
БЛИЗНАЦИ Потребна ви е голема волја и енергија за да ги завршите работите навреме. Многу работа, недоразбирања со колегите и претпоставените ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегувајте во непотребни расправии. Ќе бидете многу чувствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи. Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите.
nextpage
РАК Ќе бидете во извонредна форма, која мора на секој начин да ја искористите. Ве очекуваат навистина убави и интересни авантури, кои од некоја причина, ќе сакате да ги избегнете. Во комуникациите ќе бидете помалку колебливи, а како ќе се развиваат контактите ќе зависи од вашето однесување. Ќе доживеете многу радост во дружењето со пријателите. Можеби ќе запознаете нови личности кои подоцна ќе ви бидат многу важни како на професионален план така и на емотивен.
ЛАВ Внимавајте на настаните кои се случуваат во вашата блиска околина и сторете нешто да не ве затекнат и вас. Во комуникациите имате напредок, периодот ви е одличен за склопување на пријателства како деловни така и приватни. Ќе имате повеќе енергија и за стекнување на нови знаења што би им користело на претставниците кои се школуваат. Финансиската ситуација нема многу да ве радува, но нека не ве загрижува тоа, бидејќи набрзо ќе се поправи.
ДЕВИЦА Најдобро за вас неделава е да ги оставите плановите и проектите кои би ви донеле брза заработувачка на страна. Периодот не е поволен за таков вид на работа. Посветете и се повеќе на тековната работата и можете да очекувате големи успеси, вие го заслужувате тоа. Ќе доживеете големо разочарување од лице на кое сте му се довериле. Тоа можи скапо да ве чини, па би било добро да си го чувате грбот. Ви треба партнер кој моментално ќе ја разбере вашата состојба и ќе ви помогне во проблемите кои ве засегнуваат. Бидете претпазливи особено ако сте во брак, бидејќи непредвидливоста на вашите постапки може скапо да ве чини.
nextpage
ВАГА Ќе бидете вознемирени поради моменталните настани и ќе делувате конфузно, така да вашите објаснувања пред соработниците ќе звучат неубедливо. Нема причина да ризикувате, прифатете некоја поскромна понуда. Во моментот најважно е да ги смирите вашите мисли и чувства, но и да го задржите достоинството пред личноста која добро ве познава. Не му се доверувајте на секого, одбирајте ги луѓето со кои сакате да бидете поотворени, а можеби и да поделите некоја тајна. Најдете го вистинското решение.
СКОРПИЈА Ќе бидете оптимистички расположени и ќе размислувате за крупни планови. Од вас извира огромна енергија која мора паметно да ја искористите. Коментарите за вас што ќе ги слушнете од околината воопшто нема да ве засегнуваат. Вие си ја гледате вашата работа и продолжете така. Имате доволно енергија за започнување на нова работна задача, ве очекува период во кој слободно можете да се впуштите во нова трговска зделка или пак да се јавите како посредник во некои деловни преговори. Оние кои се занимаваат со интелектуална работа, посебно со пишување, ќе имаат голема инспирација за творење. Ве очекува просечен љубовен период, без некои поголеми возбудувања.
СТРЕЛЕЦ Иако ќе работите напорно ќе бидете полни со енергија и мошне задоволни со себе. Ќе се занимавате со работи кои во целина ве задоволуваат. Работните пропусти кои сте ги направиле и не се така големи за да прифатите нечија казна или остра критика. Обидете се вашите соработници да ги прифатат релните објаснувања и моменталните услови кои делуваат на заедничкиот успех. Во емотивните односи ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување.
nextpage
ЈАРЕЦ Ќе бидете свртени кон работата, филозофски теми и патувања, па приватниот живот помалку ќе го запоставите. Моментално се наоѓате во извесна дилема. Двоумењето се однеусва на работата или пак некое патување. Бидејќи со успех ќе ги совладувате препреките при крајот на неделата очекувајте подобрување на расположението. Среќата оди во ваша насока, такашто некои работи кои сте ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротивстави на вашето. Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот.
ВОДОЛИЈА Понесени од страста и ентузијазмот, ќе дадете се од себе да ги остварите вашите цели. Па дури и ако остварите делумни резултати, немојте да бидете незадоволни. Игнорирајте го можното чувство на разочарување, затоа што иднината ќе фрли ново светло на случувањата од овој период; ќе се испостави дека резултатите се многу подобри од она што сега го мислите. Остварување на плановите е извесно како резултат на преданата работа, залагање и способноста за одрекувања. Во љубовта ќе биде клучна внатрешната стабилност и снага, па благодарение на неа ќе воспоставите нов однос на снагите во врската.
РИБИ Ќе бидете многу чувствителни на зборовите кои ќе ги чуете од околината. Некои од вас во таквата состојба ќе се загубат. Можеби ќе добиете и по некој корисен совет од повозрасна личност. Прифатете го без предрасуди. Не се расплинувајте на неважни работи, особено не на измислени здравствени проблеми. Обидете се повеќе да се сконцентрирате и да се посветите на работата, бидејќи доста сте заостанале со се и сешто, а тоа би можело да предизвика бес кај вашиот шеф или пак членовите од семејството. Тоа навистина во моментот не ви е потребно.
