Неделен хороскоп 16 - 22 07 2018
Овен
Пред сè, ќе биде важно за вас да имате важен разговор со членови на семејството и да планирате заедничко делување по важни прашања за сите вас. Важен настан во семејството, што може да е поврзан со веридба, свадба и слично. Неочекуван конфликт може да ги поремети вашите планови и да создаде несакана дисхармонија во важен однос. Било каков конфликт сега ќе го отвори патот кон загуба, па затоа бидете внимателни. Претстои привремена грижа за пари што ви требаат за некоја инвестиција, голема набавка или за други итни трошоци.
Бик
Се наоѓате во период кога од вас ќе се бара прилагодување на околностите. Ќе размислувате и за некоја преселба. На работното место влеговте во мирен период. Ќе се најдете во ситуација да им помагате на помалку успешните соработници. Прекумерното внесување храна лошо се одразува на вашиот организам. Може да навлечете дијабетис или холестрол. Во љубовта ви се советува да се чувате од бурни реакции и невреди, бидејќи на таков начин го одбивате партнерот.
Близнаци
Сметајте на парите што ви е кажано дека ќе ги добиете. Испраќачот може да има врска со некој кој е роден во знакот на Шкорпија, Риби или Рак. Веројатно ќе склучите поволен финансиски договор. Можна лоша вест во врска со член на семејството или вашиот круг на роднини. Важна вест од Јарец, Бик или Девица.
nextpage
Рак
Сонувате на јаве. Тешко ви е да се помирите со реалноста, која ниту малку не ги исполнува вашите очекувања. ако сакате да постигнете работен успех, жртвувањето е неминовно. По почетокот не е лесно, но стрпете се успехот нема да изостане. Здравствените проблеми ќе ги совладате доколку на време им посветите внимание. Нова љубов е на повидок. Ќе уе’ивате во прегратките на саканото лице и нема да мое’ете да поверувате дека тоа е прекрасната реалност.
Лав
Иако сте опкружени со многу луѓе, индивидуалист сте. Многумина од вас ќе побараат совет. А на кому вие да се пожалите? Мудро ќе влетате во нови работни потфати. Сваќате дека нема што да загубите. Кој ризикува тој и добива. Бидејќи не умеете на правилен начин да јатрошите енергијата можни се здравствени проблеми. Во љубовта ќе фантазирате за личност која постојано би ве опсипувала со нежност и внимание. Можеби таа личност е некаде во близина?
Девица
Импулсивни сте и реагирате во афект. поради што сте толку напнати и нервозни? Можеби околностите не се така лоши како што изгледаат? На работното место искрснаа проблеми. Работата моментално е во застој. Додека се обидувавте да им помогнете на другите, се воспостави дека помошта ви е потребна вам. Кога се работи за здравјето можни се проблеми со црниот дроб и панкреасот. Не се исклучува и камен во жолчката. Под итно на лекар. Во љубовта ве очекуваат долги и топли денови.
nextpage
Вага
После долгите проблеми влеговте во мирен период. Чувствувате дека сте духовно и интелектуално стабилни. Сите акции се во рамнотежа. На работното место ќе добиете унапредување, кое доцни веќе подолг период. Ако се земе во предвид дека убавите работи пристигнуваат во вистинско време, славенички сте расположени. Кога се работи за вашето здравје, подолг период бевте загрижени, но сега свативте дека нема потреба за никаква паника. Во љубовта бидете потолерантни.
Скорпија
Влеговте во среќен период. Добро сте расположени, иако за тоа немате некои конкретни причини. Во работата ситуацијата е ваква- или многу работите, или сте без работа. Кога се работи за вашето здравје, слаба точка на организмот се жлездите со внатрешно лачење. Бидејќи се поврзани со вашето расположение, лесно ќе го ублажите овој проблем. Во љубовта само фантазирате. Стварноста не ветува ништо па затоа им се препуштивте на нереалните работи.
Стрелец
Се чувствувате болно. Се што се случува околу вас го доживувате емотивно. на работното место се добро започна, но од парите ништо. Вложивте премногу напор и на крај останавте на нула. Кога се работи за здравјето можни се некои стомачни проблеми. Внимавајте на исхраната. Во љубовта со партнерот ќе влегувате во вербални расправии, а сетоа тоа е поради лошата материјална ситуација. Ќе го обвинувате дека троши без контрола. Сепак, се сложувте на други полиња.
nextpage
Јарец
За големо чудо не се чувствувте лошо. Сите околу вас се нервозни, а вие мртви ладни. На работното место нема да се случува ништо спектакуларно. Ќе размислувате да дадете отказ и да тргенте од почеток. Кога се работи за здравјето ви се советува да се пазите од промаи. Поради опасностите од настинка и проблеми со грлото, избегнувајте ладни напитоци. Во љубовта ќе се најдете во некоја дилема. Бидете внимателни и избегнувајте вербални дуели кои не водат во ништо.
Водолија
Се наметнува желба да се наметнете во нешто за што не сте способни. Морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Во работата премногу ќе се внесете, но некои соработници ќе се обидат да ви попречат во работата. Не им обрнувајте внимание. Кога се работи за здравјето можат да се појават проблеми со неконролираното внесување храна. Обидете се да му простите на вашиот партнер и се ќе биде одлично.
Риби
Романтично сте расположени. Бидејќи слободното време го минувате во друштво, убаво се чувствувате. Свативте дека од она што се плашевте е самотијата. Дали сте знаеле дека сите проблеми потекнуваат од вашата глава? Негативните мисли можат да ви го загрозат здравјето, затоа напред со позитивни мисли. Во љубовта сте во хармонични односи со вашиот партнер. Бидејќи ќе ве изненади пријатно, ќе бидете задоволни. Сепак, потребно е да ја совладате хипохондричната црта на вашиот карактер.
