Неделен хороскоп 05 06 - 11 06 2017
Овен
Сѐ уште постојат мали задачи кои морате да ги завршите. Во дел од нив, вие ќе ја пропуштите главната работа, бидејќи целите не ви се сосема јасно. Сепак, обидете се да чекорите сигурно со сигурни потези, затоа што навистина немате потреба да се задлабочувате. Нема да постојат многу интересни работи за вас оваа недела, но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен.
Бик
Oваа недела одвојте повеќе време за себе и за своите задоволства, а помалку за домот и семејството. На оние кои се во брак им претстојат разговори со децата или за децата, а на оние кои се слободни им претстојат конфликтни разговори поради различните ставови за брак или избегнувањето на оваа тема која се наметнува веќе подолг период. Обновете ги контактите со поранешните партнери. Планетата владетел со областа на работата е добро поставена и носи неочекувани понуди за нов бизнис или проширување на постојниот. Здравјето ви е одлично, практикувајте повеќе физичка активност.
Близнаци
Доколку ја сакате вашата работа, но не го сакате шефот, околностите ќе се променат на неочекуван начин. Некои од вас ќе добијат подобри услови за работа, а тоа директно ќе се одрази на вашето задоволство во секојдневието. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места.
nextpage
Рак
Можеби сè уште нема да ја видите предноста на новата фаза во која што влегувате, но ќе ја почувствувате. Интуицијата ќе ви биде главен водич во работата во текот на оваа седмица. Ако се двоумите, само застанете и внимателно слушајте го внатрешниот глас. Најмногу ќе ви одговара мир и повлеченост. Многумина времето ќе го поминуваат во сопствениот дом, а ако саканата личност е со нив, уште подобро.
Лав
Ќе ја подобрите својата положба на работното место. Ќе имате повеќе работа, но ќе ги завршувате работите полесно од било кога. Спортистите ќе постигнат одлични резултати. Поминете повеќе време со блиските за да не западнете во депресија. Многумина од вас сепак ќе поминат убави моменти со оние кои им се допаѓаат.
Девица
Ќе ве мачат финансиите. Дел од вас ќе најдат нов, несекојдневен начин за заработка. Можеби тоа нема да биде легално, така што ќе мора да проверите што смеете, а што не смеете да направите. Ве очекуваат и работни патувања. Ќе станете поинтересни за спротивниот пол што ќе создаде многу шанси за вас. Поради тоа, оние кои се во потрага по сродна душа многу лесно ќе наидуваат на љубовни прилики и луѓе кои им се допаѓаат. Оние кои се во врска ќе бидат расположени за нежност и уживање.
nextpage
Вага
За вас ова може да биде напорна недела, а за многу може да биде и многу успешна. Посебно за они кои се родени во почетокот на знакот и оние кои се спремни да ризикуваат, но сепак имаат некаков резервен план ако во случај нешто тргне наопаку. На некој многу му се допаѓате и свесни сте каков впечаток оставате. Некогашната симпатија ќе сака да ви се обноват односите.
Шкорпија
Ова ќе биде напорна недела во која можете да добиете неколку работни понуди. Вие ќе сакате своите идеи да ги реализирате и во најдобра можна ситуација вие ќе успеете да се ангажирате на две работи, од кои едната ќе биде многу подобро платена ама бара повеќе работа. Со партнерот можни се конфликти поради бесмислени трачеви отстрана. Не обрнувајте премногу внимание на гласините.
Стрелец
Повеќе припадници на овој знак се во тотален хаос. Има повеќе решенија, но ниту едно не ви паѓа на памет. Морате да бидете одлучни во донесувањето одлуки. Имате потреба да поправите многу работи, но го правите сосема спротивното. Ситуацијата во љубовта ќе се поправи до крајот на неделата, а на работа сте во позиција да наметнувата свои барања.
nextpage
Јарец
Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно. Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму постои можноста за провокации, па и конфликти кои нема да ви тргнат од рака. Затоа, не се залетувајте. Бидете трпеливи и негувајте го она што го имате.
Водолија
Очекувајте различни можности за соработка со странци и шанси за профитирање од нив. Ќе истражувате, ќе учите, ќе патувате, ќе го ширите вашиот живот. Многумина од вас ќе покажат интерес да ја проучуваат метафизиката, езотеријата или филозофијата. Потребата за интимност кај вас ќе зајакне. Затоа многумина кои што веќе имаат партнер со задоволство ќе се повлечат во својот дом и таму тивко ќе уживаат во пар.
Риби
Вашиот труд ќе биде препознатлив и вие ќе добиете на цена. Понекогаш ќе имате чувство дека премногу ве истакнуваат. Скромноста и некој вид срамежливост кои се ваша одлика ќе бидат за пример во овие кризни времиња. Ќе работите вредно и без премногу прашања. Веројатно ќе продолжат нејасностите во вашиот приватен живот. Најдобро ќе се чувствуваат тие што немаат никакви обврски.
