Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 27 11 - 03 12 2017

Неделен хороскоп  27 11 - 03 12 2017

ОВЕН 

Не сте во можност да одбирате, но потрудете се најбезболно да го поминете овој период. Некои од вас ќе добијат понуда за работно унапредување, но малкумина ќе ја прифатат, или ќе биди малку платена или нема да содејствува со вашите квалитети. Лесно остварувате деловни успеси, но во овој период ќе се пожалите на истите. Само со упорност и истрајност ќе ги постигнете очекуваните резултати. За големата количина на напнатост делумно ќе бидат причина и професионалните контакти и односите со соработниците. Очекувани, но мали, финансиски потешкотии или проблеми.  Кој и да е специфичниот проблем, ќе биде расчистен во рок од една недела.

БИК 

Оваа недела ќе има шанса за заживување на стари идеи и планови поврзани со вашето семејство или бизнисот. Ќе ги разгледувате истите и ќе водите разговори за нивна реализација. Околностите се чини дека се поповолни сега. Ќе има повторно обединување на семејството, по период на разделба или поради посебен повод. Вашите пријатели ќе ве израдуваат со вести за ваша поврзаност со нивен неочекуван успех, среќа, напредок… Ќе добиете покана за собирање со пријателите, каде што можете добиете корисни и интересни информации. Очекувајте повисоки трошоци за различни плаќања, сериозни пречекорувања на лимитот. 

БЛИЗНАЦИ 

Оваа недела ќе ве воодушеви со материјална или финансиска добивка или успех. Поволен развој на вашите активности и обврски поврзани со пари, имот и слично. Ќе им посакате добредојде на гости кај вас дома. Веројатност за нови лица во семејството или во соседството кои ќе ги среќавате со неверување, со доза на сомнеж. Бидете подготвени за нови можности и поволни околности да постигнете некоја цел. Можеби ќе се грижите или ќе одите во посета на некој болен, близок и сакан.

nextpage

РАК 

Оваа недела жените-Рак ќе имаат причина да бидат отсутни од дома. Можно патување во друго место, град или држава. Заштитете го вашиот дом од вмешување или негативно влијание, или интрига предизвикани од жена која страда од сопствена несреќа или загуба. Веројатно овие активности ќе бидат под влијание на сугестијата дека вие имате вина за нејзината лична трагедија.

Непријатен конфликт со пријател кој може да ве вознемири или расплаче. Ова може да се однесува и на вашата љубовна врска, исто така. Дејствија од страна на веројатно постара личност ќе ве натераат да размислите или да преземете некои непланирани одлуки и акции.

ЛАВ 

Ќе делувате многу импулсивно и избрзано пред другите, а често и пред себе. Чуствувате дека се околу вас е некако заспано, а вас тоа толку многу ве нервира и ве вади од такт, па можеби и ќе влегувате во поголеми распраии со околината. Навистина ви е потребен мир, а ако имата шанса за некое деловно патување не ја препуштајте. Доколку сте во можност оддложете го решавањето на некој важен проблем за во друга прилика.

ДЕВИЦА 

Прекрасен период за работа и извршување на вашите секојдневни обврски. Ве очекуваат пријатни моменти на рабтното место. Добро ќе се разбирате со соработниците и повеќе од работното време ќе го поминете во другарување, а можеби и озборување. Ве очекува важен разговор со претпоставените кој доста позитивно ќе влијае врз вашата работа, а можеби и некое унапредување. Ќе имате подршка од доста важни луѓе, а тоа треба многу да го цените и да бидете благодарни Постои можност за сериозни разговори и средби со таква личност. 

nextpage

ВАГА 

Оваа недела е можно да добиете лоши вести во врска со женска роднини или пријателка. Неочекувана несреќа, незгода или друг стресен развој во нејзиниот живот. Работата на вашиот брачен другар или интимен партнер ќе биде важен настан или тема на разговор. Претстојат измени во напредокот на целото семејство. Во некои случаи можно е креирање нов семеен бизнис или иновации во веќе постоечкот бизнис. 

ШКОРПИЈА 

Повеќето жени-Шкоприја ќе патуваат оваа недела или ќе запознаат жена од друго место. Генерално за жените, неделава ќе донесе голем број настани и емоции поврзани со патување или луѓе од далеку. Ќе се натажите или разочарате од дејствија на пријател/ка кој ќе ви даде надеж или ветување, но тоа нема да се случи, нема да се развива. Постои можност за привремено раздвојување од интимниот партнер поради патување или друга причина. Ќе се разочарате од некоја личност во знакот на Шкорпија, Рак или Риби.


СТРЕЛЕЦ 

Ќе бидете вклучени во разговор или дискусија за теми во врска со вашата иднина, идна позиција, план и слично. Саканото лице ќе постигне успех во професијата или во општествените активности. Ќе бидете во можност да најдете решение, или ќе добете помош за решавање на проблеми што се однесуваат на здравје, дете или внук/а. Апарати за домаќинство или имотно-правни прашања на ваши пријатели или соседи некако ќе ве засеганат и вас. Оваа недела ќе биде запаметена поради важен состанок или собир. Тоа може да биде повод да поканите луѓе во вашиот дом. А и вие лично ќе бидете поканети кај роднини или пријатели.

nextpage

ЈАРЕЦ 

Ќе бидете во можност да постигнете разбирање и помирување со пријател со кого сте имале недоразбирања, спорови и конфликти во последниве неколку дена или недели. Ќе доживеете неочекувана ситуација или ќе одите на настан каде може да сретнете ново/непознато лице кое допрва треба да биде дел од вашата иднина. Очекувајте развој на одредени настани во животот на роднина или пријател што ќе влијаат врз вас директно. Од нив ќе зависат некои ваши идни одлуки и акции. Интересни можности за жените-Јарец во врска со финансиско обезбедување на различни планови, реновирање или преместувања во домот или ентериерот. Ќе добиете пари од женско лице (најверојатно роднина).

ВОДОЛИЈА 

Оваа недела се можни проблеми од финансиска природа поврзани со машко лице (роднина или пријател). Тешкотии и пречки може да се појават при добивање пари преку документ, банка или од друго лице. Здравствени сигнали што ќе бидат потсетник дека мора да преземете соодветна грижа и внимание. Избегнете го стресот и обидете се да размислувате позитивно во врска со сложени или емоционални ситуации неделава. Можеби ќе треба да помогнете во ситуација поврзана со син, внук… Некако тешка недела за вас, првенствено поради поголеми домашни грижи и обврски. Проблемите дома чекаат на вас да се решат. Ќе имате поголема одговорност кон најблиските и други сакани.

РИБИ 

Ова недела е погодна за неконвенционално лекување, вклучувајќи различни хомеопатски лекови/билки. Поволен развој во лечењето на член на семејството или близок пријател. Помирување во афера поврзана со недоразбирања, несоодветен настан/реакции. Непријатни вести во тек на некое патување и тие ќе ви бидат пренесени вам или, пак, вие ќе бидете вклучени на некој начин во ваков настан. Претстои ваше посериозно ангажирање за расчистување на финансиски проблеми или плаќања. Поволна недела за решавање на нејасни или проблематични односи со други лица поврзани со финансии, неплатени сметки или заеми/кредити. Можно е да ве посети машко лице кому му треба финансиска помош или совет.


Слично

Поврзани вести