Навика што може да ја намали потрошувачката на гориво: Многу возачи ова го прават погрешно
Возачите можат значително да влијаат врз потрошувачката на гориво, особено кај автомобилите со рачен менувач.
Германскиот TÜV објави неколку едноставни совети што можат да помогнат автомобилот да троши помалку гориво и истовремено да се намали оптоварувањето на моторот.
Препораката на стручњаците е при забрзување што порано да се префрлува во повисок степен на пренос, додека при забавување треба подоцна да се враќа во понизок степен.
Идеално е моторот да работи меѓу 1.500 и 2.500 вртежи во минута, бидејќи тогаш потрошувачката е најниска, а моторот работи потивко.
При тргнување, педалата за гас не треба да се притиска до крај, туку отприлика до две третини од нејзиниот од. По забрзувањето, важно е што е можно подолго да се одржува константна брзина.
TÜV препорачува возење меѓу 70 и 80 отсто од максималната брзина на возилото, но во секој случај не повеќе од 130 километри на час.
За дополнителна заштеда се советува навремено пуштање на гасот и умерено кочење, особено при приближување кон семафор или крстосница.
Темпоматот може да помогне на подолги делници на автопат, но кога има гужва на патот не е особено корисен доколку нема адаптивна функција.
Стручњаците потсетуваат и дека дополнителната тежина ја зголемува потрошувачката. Само 50 килограми дополнителен товар може да ја зголеми потрошувачката и до 0,3 литри на 100 километри.
