Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најточниот Еврејски хороскоп: Колку и како ќе живеете?

Најточниот Еврејски хороскоп: Колку и како ќе живеете?

Месец на раѓање покажува некоја сила во вас,и слабост - за да се надмине. Но, луѓето не се заклучени во "неговиот" месец. Секој има предности и слабости.

"Сефер Yetzirah" е една од првите еврејски книги, тајните на еврејски астрологија. Во Библијата, Талмудот и Кодексот на еврејскиот закон може да се најдат интересни описи за тоа како Бог, преку небесните тела испраќа на нашиот свет виталност. Во исто време,капацитетот на наредбите на Тората е директно поврзан со чудесното, надминување на влијанието на астролошките сили.

Синовите на Јаков, од кои имаше 12 племиња на Израел, започна во 1912 година духовни корени, од кои растат на еврејскиот народ. Тие корени одговараат на 12 хороскопскиот знаци, 12 еврејски месеци, 12 букви од еврејската азбука, и 12 својства на душата, како што е можноста да се види, мисли, зборува и лути.

Tale – Овен (21.03 – 20.04)
Планети: Марс, Плутон
Елемент: Оган
Главна особина: страст
Квалитети: доминантност
Недостаток: нетолерантност
Боја: црвена
Скапоцен камен: дијамант
Растение: бор
Животно: Овци,овнови
Сака: возбуди,авантури
Не сака: рутина,површност
Животен век: Повеќе од 78 години

Особите родени во овој знак се многу жестоки.Лесно се возбудуваат, па често немаат трпение и самоконтрола. Избувливи се и знаат да бидат груби, брзоплети и нетолерантни.Често избрзуваат со донесените одлуки. Во љубовта се љубоморни, но и полни со страст.Постојано бараат нови возбудувања. Жената родена во овој знак е елегантна, чесна, но и предизвикувачка, љубоморна и ја сака еротиката.Овој знак најмногу си одговара со вагите, стрелците, лавовите, а треба да ги избегнува јарците и раковите.

Им одговараат професии поврзани со спортот, индустријата, градежништвото и металургијата.Во работата се постојано напнати, но затоа се добри организатори, педантни се и одговорни. Друштвени се, иако потешко се снаоѓаат во колектив.Се мешаат во сe и ги бранат своите ставови.Имаат многу доблести; чесни се,искрени,верни,точни,храбри,големи патриоти се и секогаш се на страната на вистината.Но,од друга страна,ја потценуваат опасноста,еднострани се,суетни, нетактични и нетрпеливи.Лесно може да станат жртви на сопствените амбиции.

Sor – Бик (21.04 – 20.05)
Планети: Венера
Елемент: земја
Главна особина: постојан
Квалитети: чесност
Недостаток: тврдоглавост
Боја: зелена
Скапоцен камен: топаз
Растение: зеље,зелка
Животно: Крава
Сака: луксуз,куќа
Не сака: промени и несигурност
Животен век: Повеќе од 74 години
Родените во овој знак се упорни и цврсто стојат на земја.Одлични се како организатори и реализатори. Доверливи се,отворени, чесни,храбри и толерантни.Ги сакаат природата и уметноста.Иако се нежни и емотивни, знаат да бидат и тврдоглави и горделиви.Уживаат во раскош и заради тоа можат да бидат и мрзливи,па дури и посесивни и љубоморни.Во сe бараат сигурност.Кога ќе одлучат нешто,не ја менуваат одлуката,и никогаш не се враќаат назад.Го сакаат животот,жуди за радост,среќа и се трудат тоа да го шират околу себе.

Многу им се важни љубовта и сексот.Во љубовта се верни и имаат разбирање за партнерот,го поддржуваат во све.

Во основа се добродушни,иако се внимателни и неповерливи спрема особите кои ги опкружуваат.Нивната доверба тешко е да се стекне,само ако е добро расположен може да се отвори.Добри домаќини се,поврзани со семејсвото,милосрдни се со сиромашните секогаш спремни да помогнат.Се држат до своите принципи и ги почитуваат правилата.Одлично се снаоѓаат во економијата и финансиите.Знаат во што да инвестираат и да заработат,дури и од речиси ништо,но и трошат.

Teomim – Близнаци (21.05 – 21.06)
Планети: Меркур
Елемент: воздух
Главна особина: љубопитност
Квалитети: креативност
Недостаток: површност
Боја: зелена
Скапоцен камен: смарагд
Растение: винова лоза
Животно: верверичка
Сака: промени,патувања
Не сака: едноличност
Животен век: Повеќе од 70 години
Претставниците на овој знак се снаодливи, интелигентни,креативни и динамични.Нивната креативност произлегува од вродената љубопитност. Дружељубиви се и комуникативни,дарежливи..Но, исто така се и нетрпеливи,нервозни и нестабилни. Живеат двоен живот и растргнати се меѓу желбите и можностите.Најд обро се чувствуваат кога дејствуваат на сите фронтови. По природа се немирни и постојано брзаат некаде.

Со партнерот остваруваат длабока врска која се темели повеќе на интелект,отколку на емоции.Нивниот љубовен живот е бурен заради честата промена на партнерите и заради постојаното флертување. Понекогаш имаат по две и повеќе врски.Во животот имаат многу познаници,но малку вистински пријатели.Ги сакаат парите, сакаат да патуваат и успешни се како трговци и слични динамични професии.

nextpage

Sartan – Рак (22.06 – 22.07)
Планети: Месец
Елемент: Вода
Главна особина: трпеливост
Квалитети: приврзаност кон семејството
Недостаток: неприступачност
Боја: сребрена
Скапоцен камен: тиркиз
Растение: смрека
Животно: ракови
Сака: природа и дом
Не сака: агресивност
Животен век: Повеќе од 80 години
Личностите родени во овој знак се интуитивни и интелигентни.Имаат смисла за уметност,романтични се, емотивни и сензуални. Ги сакаат домот и спокојството затоа што се трпеливи,суптилни и чувствителни.Знаат да бидат сонувачи,сомничави,егоцентрични и одмаздољубиви. Секогаш се во улога на заштитници,делат совети и кажуваат добронамерни лаги.По природа се толерантни и попустливи.Поседуваат голема енергија и може да се прилагодат на секоја ситуација.

Најмногу ги ценат домот и семејството,па затоа се вистински пример за добар сопруг или сопруга,татко или мајка.Тешко воспоставуваат блискост со непознати.Со партнерот се отворени и внимателни. Сексуално се многу активни.Својата материјална состојба често знаат да ја прикријат.Штедливи се и рационални,но не се себични.

Arieh – Лав (23.07 – 23.08)
Планети: Сонце
Елемент: Оган
Главна особина: доминантност
Квалитети: Точен,постојан
Недостаток: да биде главен
Боја: златна
Скапоцен камен: сафир
Растение: чемпреси
Животно: диви мачки
Сака: Луксуз,лов
Не сака: ако не е главен
Животен век: Повеќе од 79 години
Особите во овој знак се привлечни,чесни,паметни, достоинствени,горди и елегантни.Многу се храбри и во секоја ситуација сакаат да доминираат.Може дури да бидат надмени, суетни и недостапни.Приврзани се со пријателите и соработниците.Лоши особини на овој знак се завидливоста, грубоста и насилноста во остварувањето на целите.Нарцисоидни се и егзибиционисти.Се сакаат себеси, ја сакаат славата и заради тоа понекогаш си го припишуваат туѓиот труд.

Најубаво се чувствуваат кога се опкружени со обожаватели.Уживаат во луксуз,гламур и комфор.Ги сакаат накитот,крзното и вредните антиквитети.Во работата се амбициозни,објективни, внесуваат промени и затоа често се директори или шефови.Партнерот го опсипуваат со љубов,но истовремено од него бараат покорност.Полни се со страст и нежност,но знаат да бидат и сомничави и љубоморни,а во случај на неверство е немилосрден.

Betula – Девица (24.08 – 23.09)
Планети: Марс, Плутон
Елемент: оган
Главна особина: хуманост
Квалитети: точност и прецизност
Недостаток: ситничарење
Боја: црвена
Скапоцен камен: дијамант
Растение: детелина,коприва
Животно: Коњ
Сака: Да дели совети
Не сака: брзоплетост
Животен век: Повеќе од 78 години
Родените во овој знак се совесни, добри, образовани, рационални, вредни и скромни.Сакаат точност,големи критичари се. Нивната упорност се граничи со тврдоглавост.Срамежливи и лесно ранливи, понекогаш патат од комплекс на помала вредност. Принципиелни се и не го искажуваат незадоволството. Наивни се и осамени.Претерано се плашат за своето здравје,инсистираат на хигиена и уреден живот,често се вистински хипохондрици.

Работата им оди подобро од љубовта.Го кријат чувствата кои се ладни и одмерени. Познати се како ситничари и штедливи. Врската со партнерот е повеќе интелектуална.Поради својата претерана уредност и хигиена,не се премногу врзани за секс и еротика,најчесто се верни без склоности за менување партнер.

nextpage

Moznaim – Вага (24.09 – 23.10)
Планети: Венера
Елемент: воздух
Главна особина: чуство за правда
Квалитети: племенитост
Недостаток: неодлучност
Боја: плава и нијанси на лила
Скапоцен камен: опал
Растение: журка
Животно: гуштер
Сака: елегантност
Не сака: песимизам
Животен век: Повеќе од 70 години
рипадниците на овој знак најчесто се добри и привлечни луѓе.Ведри се,друштвени и учтиви. Размислуваат логично и дипломатски и имаат чувство за правда и вистина.Ја сакаат естетиката.Динамични се, не поднесуваат грубост и конфликтите ги решаваат на мирен начин. Многу добро го разликуваат доброто од лошото. Овие луѓе се,исто така, и неодлучни,нестабилни,па дури и агресивни.Лесно се вознемируваат,ги бранат своите ставови и на сите работи гледаат преку призмата на емоциите.Понекогаш претеруваат во своите инсистирања да најдат компромис во некои ситуации.

Во врската со партнерот создаваат мир и хармонија,а нивните чувства се рафинирани.Потребно им е внимание. Не се расфрлаат премногу со пари и доста се економични,но и не скратуваат од животните задоволства.

Здравјето многу им зависи од расположението,па дури и од метеоролошките услови.

Akrav – Скорпија (24.10 – 22.11)
Планети: Марс, Плутон
Елемент: Вода
Главна особина: страст
Квалитети: постојан
Недостаток: агресивност
Боја: црвена
Скапоцен камен: ахат
Растение: шипка,пелин
Животно: шкорпија
Сака: секс,ризик,магија
Не сака: предавство
Животен век: Повеќе од 80 години
Личностите родени во овој знак се храбри,бескомпромисни, енергични и паметни.Сериозни се,компетентни,верни, борбени и практични.Главни карактеристики за овој знак се магијата и таинственоста.Не бираат средства за да ја исполнат целта и знаат да бидат агресивни,ако е потребно.Агресивноста е дел од нивната природа, исто како и љубомората,посесивноста и егоизмот.Понекогаш имаат мрачна природа поради која стануваат незадоволни и лицемерни.Сепак, знаат да бидат вредни и принципиелни.

Врската со партнерот им е длабока и емотивна. Верни се и не поднесуваат неверство.Нивната цел е материјалното богатство.Одлични се во работите кои бараат реконструкција,реорганизација и нови решенија.Познати се како револуционери, бунтовници и анархисти.Строги се и непопустливи спрема колегите,соработниците,но најпрво спрема себе.

Keset – Стрелец (23.11 – 21.12)
Планети: Јупитер
Елемент: Оган
Главна особина: Интиуција
Квалитети: слобода
Недостаток: дволичност
Боја: лила
Скапоцен камен: аметист
Растение: кориандер
Животно: Коњ
Сака: патување,лов,спорт
Не сака: неправда
Животен век: Повеќе од 80 години
Родените во овој знак се интелигентни,духовити,чесни, ведри и достојни за почит.Ги ценат слободата и независноста. Интуитивни се, сакаат да патуваат и да истражуваат. Уживаат кога се во природа.Слободоумни се и не поднесуваат фрустрации.Можат истовремено да бидат и материјалисти и идеалисти,знак знаат да бидат и вообразени, егоцентрични и нарцисоидни. Лесно пламнуваат и тогаш стануваат груби. Не водат сметка за трошењето пари,и добро се снаоѓаат во заработувањето.Сакаат да бидат лидери и да се во центарот на вниманието.Тогаш се вистински ентузијасти и шармери.

Генерално земено,имаат добро здравје.

Во љубовта сакаат да доминираат и да имаат целосна контрола над партнерот, но важно им е тој да има разбирање за нивната слобода.

nextpage

Gedi – Јарец (22.12 – 20.01)
Планети: Сатурн
Елемент: земја
Главна особина: затвореност
Квалитети: неисквареност
Недостаток: себичност
Боја: темносива,црна,кафеава
Скапоцен камен: хризолит
Растение: чичак
Животно: Зебра
Сака: Традиција и штедење
Не сака: расипништво,неодговорност
Животен век: Повеќе од 80 години
Родените во овој знак се упорни,сериозни,реалисти со цврст карактер.По природа се затворени, имаат добар карактер, Одлична меморија и ја прифаќаат одговорноста.Педантни се,се придржуваат до редот и не се одмаздољубиви. Некои од нив се агресивни, незгодни, саркастични,себични,неблагодарни и ладни.Не се амбициозни, скромни се и нивните одлуки се промислени.

Знаат да бидат недостапни и затоа не се склони кон нови познанства. Нивните контакти се одмерени и на дистанца.Тешко се приврзуваат,но подготвени се да се жртвуваат за оние кои ги сакаат.Штедливи се, па дури и себични. Никогаш не се расфрлаат со пари и добро ја проценуваат секоја инвестиција.

Deli – Водолија (21.01 – 18.02)
Планети: Уран,Сатурн
Елемент: воздух
Главна особина: друштвеност
Квалитети: независност
Недостаток: бунтовност
Боја: тиркизна,плава
Скапоцен камен: оникс
Растение: папрат,лишај
Животно: Големи птици
Сака: Дружење
Не сака: норми и неправди
Животен век: Повеќе од 81 година
Личностите родени во овој знак се хумани,чесни и посветени на колективните интереси.Едноставни и грациозни, имаат широк дух и прилагодливи се по природа.Најчесто се оригинални, независни и најмногу ја ценат слободата.Како пријатели се искрени и солидарни.Лоши карактеристики на овој знак се користољубието,завидливоста и снобизмот.Бунтовни се и не поднесуваат ограничувања.Можат да бидат и осамени,превртливи и искварени.Тие се вистински борци за правда.

Повеќето од нив се друштвени и се обидуваат да најдат разбирање со околината.Во работата се практични и материјалисти.Вложуваат во вредностите и подготвени се да ризикуваат,брзоплето да влезат во некоја работа.Им одговара работа во која ќе имаат потполна слобода.Со партнерот градат рамноправен и пријателски однос. Во љубовта, како и во сe друго, најважна им е слободата.

Dagim – Риби (19.02 – 20.03)
Планети: Нептун,Јупитер
Елемент: вода
Главна особина: романтичност
Квалитети: склоност кон уметност
Недостаток: злопамтило
Боја: виолетова
Скапоцен камен: јаспис
Растение: врба,бадем
Животно: сите риби
Сака: природа,уметност
Не сака: насилство,оружје
Животен век: Повеќе од 83 години
Личностите родени во овој знак се интуитивни,привлечни, емотивни и инстинктивни.Имаат дарба за уметност и мистицизам.Тие се пожртвувани борци за правда.Нивните емоции се возвишени и затоа се романтични и големи ентузијасти.Својата духовност ја пренесуваат на околината.По природа се нестабилни,променливи и плашливи.Брзо го менуваат расположението,неретко се посесивни,повлечени и површни.Шармантни се и друштвени,сакаат да ги забавуваат другите.

Во односите со семејството се нервозни и нетрпеливи. Внимателни се со партнерот и ги задоволуваат сите негови желби и потреби. Во љубовта знаат да трпат, да простуваат, но и да се осветуваат.


Слично

Поврзани вести