Маријана од Велес е мајка на Дариан, дете родено со половина срце: „Не очекував дека и со второто дете ќе завршам во Брза помош“
„Фебрилен напад е наводно нешто што е често, но е во најголем дел од случаите безопасно и не остава последици кај детето. Но, кај родителите остава голема траума, особено ако никогаш не слушнале за такво нешто и не знаат што се случува во тој момент“ – вели Маријана Величковска во интервју за Женски Магазин, во кое раскажа какво било нејзиното искуство откако нејзиното дете имало ваков напад на возраст од 4 години.
Мајките немаат слободен ден, а понекогаш и кога сметате дека конечно можете да здивнете, се случуваат ситуации што целосно ќе ве извадат од колосек.
Фебрилните напади кај децата можеби се честa појава, но се вистинско хорор искуство за родителите кои беспомошно гледаат како нивното дете се грчи и превртува очи, а не знаат како да реагираат во такви ситуации.
Маријана Величковска е по потекло e од Велес, но веќе 10 години живеe во Германија заедно со семејството.
Таа е мајка на две синчиња, од кои поголемиот се вика Дариан и македонската јаввост веќе имаше можност да го запознае како детето што било родено со половина срце и за него и за неговата дијагноза таа веќе има зборувано во Женски Магазин, а помалиот син се вика Никита.
Маријана на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии од Дариан и од неговиот напредок, со што покажува дека тој иако се соочил со голем број предизвици на почетокот на детството, денес е активно, разиграно момче кое живее делумно нормален живот.
Но, неодамна Мирјана објави уште еден пост, со кој, се обиде да им обрне внимание на нејзините следбеници за здравствената состојба на помалиот син, за кој, како што вели, никогаш не очекувала дека ќе заврши во „Брза помош“.
Маријана во оваа објава зборуваше за фебрилните напади, кои кај нас се познати и како грчеви од висока температура и за нејзиното искуство.
Иако се вели дека се безопасни, ваквите напади се мошне застрашувачки за родителите, особено ако претходно не сте се соочиле со таква ситуација и не знаете како да реагирате.
Маријана даде интервју за Женски Магазин, во кое откри како изгледала застрашувачката епизода со Никита и се обиде да го сподели своето искуство:
ЖМ: Со оглед на тоа што со првото дете Дариан, кој беше роден со половина срце се соочивте со голем број предизвици, дали како мајка се чувствувате поопуштено со Никита? Дали имаше нешто што ви укажуваше дека можеби ќе се соочите со одредени здравствени предизвици претходно?
Со Никита се чувствував и те како по опуштено, смирено, без никаков притисок уште од првиот ден кога се роди. Само што кажаа дека е здрав ми падна камен од срце.
Најмалку очекував дека ќе доживеам и второто дете да го носам со брза помош во болница.
Морам да потенцирам дека фебрилен напад е наводно нешто што е често, но е во најголем дел од случаите безопасно и не остава последици кај детето.
Но, кај родителите остава голема траума, особено ако никогаш не слушнале за такво нешто и не знаат што се случува во тој момент (што беше случај кај нас). Од кога се случи доста се информиравме, и веќе знам доволно за да не паничам ако не дај Боже се случи повторно.
ЖМ: Кога првпат се случи фебрилниот напад кај вашето дете и како изгледаше тој момент? Што помисливте кога го видовте нападот – дали веднаш знаевте за што станува збор? Кои мисли ви поминаа низ глава како мајка?
Нападот се случи во август 2025, и беше едно од нај страшните искуства за нас... Наликува на епилептичен напад, но фала Богу најчесто нема последици на мозочето.
Никита тоа утро качи температура и нормално не отиде во градинка, му дадовме сирупче симна температура и беше весел и расположен.
Кога почна повторно да качува температура пак беше омалаксан и доби треска па му дадов сируп иако температурата не беше висока.
Заспа на креветот во дневна и за брзо по заспивањето почна цел да се тресе и грчи неконтролирано, и да ги превртува очите.
Ние не знаевме што се случува. Нападот се случил бидејќи температурата што не беше висока, скокнала нагло драстично нагоре и прави грч или фебрилна конвулзија (напад)...
Таков страв како родители одамна не сме почувствувале.
Целиот разговор читајте го на Женски магазин.