Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен неделен хороскоп 30 10 - 05 11 2017

Љубовен неделен хороскоп 30 10 - 05 11 2017

Овен

Љубовниот живот ви е стабилен и мирен. Соочете се мирно со ситните љубовните проблеми, одморете се од работата и посветете повеќе внимание на емоционалниот живот. Немојте да бидете автодеструктивни и обидете се да не се заљубите во личност која е склона да игра со вашите чуства.

Бик

Сентименталните односи ви се одлични, искористете го тоа и обидете се да разговарате отворено со вашиот партнер за вашите потреби. Ако сте слободни ќе започнете нова врска или пак ќе имате прилика за авантура. Размислете добро. Односите во семејството ќе ве загрижуваат па затоа ќе морате да се обидете да ги средите. Бидете потолерантни.

Близнаци

Не ќе можете да се воздржите и да ги контролирате вашите надојдени страсти. Ако немате партнер подгответе се, љубовта ќе дојде одненадеж. Некои од вас ќе наидат на семејни или емотивни проблеми, нема причина да ги занемарите туку веднаш превземете ја работата во ваши раце.

nextpage

Рак

На љубовен план ве очекуваат нови настани кои најпрвен малку ќе ве збунат, а потоа многу ќе ве заинтересираат. Можеби ќе бидете незадоволни но ве советуваме да не претерувате со анализите. Ако сте во врска, очекувајте убави моменти поминати со вашиот партнер, дружење со вашите пријатели и забава. Слободните ги очекуваат средби, но сепак внимавајте со кого се дружите.

Лав

Очекувате страсна врска, но ќе бидете задоволни ако дојде само и до флерт. Не би требало да ја отфрлите можноста за продолжување на врската со некој кој долго го познавате и кој отсекогаш ви е драг, можно Скоприја или Стрелец. Немојте да биде премногу рационални во се, особено не во љубовта. Дозволете си да се вљубите.

Девица

Во љубовта потрудете се во односот со партнерот да бидете пореални. Ви се наметнува некој ваш добар пријател, а вие не знаете како да постапите. Најдобро е да бидете поладнокрвни и да се правите дека ништо не забележувате. Слободните ги советуваме да не размислуваат за минатото-обидете се да ги заборавите непријатните моменти. На семејните недоразбирања реагирајте со насмевка.

nextpage

Вага

Ако сте млади и вљубени, постојат многу работи што не ги знаете за личноста што ви се допаѓа. Спремни сте да донесете одлука за заеднички живот и веројатно ќе планирате тоа да го направите на оригинален начин. На патување ви претстојат многу пријатни моменти, особено ако се работи за службен пат.

Скорпија

Интересен период за љубов, ве очекува можност да го сретнете лицето кое не сте го виделе повеќе време, или пак некоја љубов на прв поглед ќе ви го одземе вниманието за потоа брзо да ја изгубите. Ако сте во врска, бидете повеќе време со партнерот тоа многу ќе ви годи. Во кругот на семејството ве очекуваат задоволства.

Стрелец

Во љубовта условите не се баш најдобри, но доволно добри за да ви овозможат стабилност на врската. Слободните Стрелци ќе имаат добри шанси за почеток на нова љубовна врска. Ќе морате многу повеќе да внимавате на изборот.

nextpage

Јарец

Ситуацијата на емотивен план е стабилна. Многуте страсти кои ќе бидат присутни неделава, кај вас ќе созададат впечаток како да сте повторно заљубени. Не пропуштајте ги убавите моменти кои ви се нудат, ќе бидат од оние кои тешко се забораваат. Во сериозните врски ќе биде се во ред, ова е прекрасен период за изразување на чувствата.

Водолија

Ве очекува напната ситуација на љубовен план, особено оние кои се наоѓаат во подолготрајна врска или во брак. Несогласувањата и расправиите со вашиот партнер, можеби ќе допринесат да ги расчистите натрупаните проблеми. Страственоста која ја поседувате во моментот како и необичното однесување ве прави интересни за спротивниот пол и ви советувам да прифатите љубовна понуда во овој период, тоа за вас ќе бида само уште еден предизвик повеќе..

Риби

Во љубовта работите се средуваат и ќе тргнуваат кон подобро. Највероватно вашиот партнер ќе ги прифати вашите предлози за нов тек на вашата врска. Слободните претставници нека не влегуваат во врска со сомнителни личности. Сметајте на личноста која моментално е во ваша близина и ќе бидете повеќе од задоволни.


Слично

Поврзани вести