Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен неделен хороскоп 20 03 - 26 03 2017

Љубовен неделен хороскоп 20 03 - 26 03 2017

Овен

Ќе доживеете многу радост во дружењето со пријателите. Можеби ќе запознаете нови личности кои подоцна ќе ви бидат многу важни како на професионален план така и на емотивен. Минатото е поминато не се оптеретувајте со тоа мислете повеќе на иднината и она што го носи новиот ден. Посветете повеќе внимание на пратнерот, не дозволувајте да се почуствува запоставен.

Бик

Во центарот на случувањата на љубовен план ќе биде партнерот и семејството. Потрудете се оваа недела да направите селекција на пријателите затоа што некои луѓе сакаат да ве дистанцираат од партнерот, а вие тоа не го сакате. Ако ги исфрлите непотребните личности ве очекува убава недела. Ако сте сами оваа недела ви носи многу повеќе контакти со личности од спротивниот пол отколку досега. Препуштете се на оваа идилична недела затоа што ќе ја најдете сродната душа со која ќе имате среќа во животот.

Близнаци

Оваа недела ви носи максимална складност во партнерските односи. Конечно сфативте дека тоа е најважниот сегмент на животот, односно дека е најважно взаемното развбирање и поддршката. Тоа ќе биде основа за решавањље на ситре ситуации што се пред вас. Ако сте сами свесни сте дека сте неодлучни кога станува збор за изборот на партнерот. Време е вашето срце да го посветите на една личност. Ослободете се, препуштете се на мигот и оставете нештата да течат сами по себе.

nextpage

Рак

Слободните ракови имаат можност да ги забележат предзнаците во односот со лицата од спротивниот пол. Се ќе биде во ред, ако во овој период обрнете внимание на вашиот емотивен живот. Љубовта ќе се искристализира во текот на овој период и ќе бидете затекнати од случувањата. Обрнете внимание со кого се дружите и со кого стапувате во контакт и немојте многу да размислувате туку препуштете се на љубовниот занос.  Што се однесува до  раковите што се во врска или во брак ве очекуваат убави случувања што на некој начин ќе бидат интересни.

Лав

Ве очекува вистинска бура. Настаните ќе се менуваат брзо, а вие тешко ќе можете да се снајдете така што поради невнимание можен е прекин со партнерот. Односите во семејството нема многу да ве радуваат, ќе мора да бидете потрпеливи за да ги избегнете расправиите.

Девица

Девиците што се во брак оваа недела ги очекуваат негативни осцилации во односот со партнерот. Сте заборавиле да се договарате и заедно да носите одлуки и тоа ќе ги наруши вашите досегашни односи. Без оглед на сите дилеми, сепак ќе успеете да најдете излез и на крај пак да бидете среќни и задоволни. Слободните девици влегуваат во период кога еден настан ќе им го промени животот на подобро. Односно ќе имате низа интересни сред би од кои ќе се изроди една љубовна врска што до крајот на годината би можела  да биде крунисана со брак.

nextpage

Вага

Вагите оваа недела би требало дља ги следат своите чувства кон една личност. Тоа може да биде партнерот, сопругот, пријател, пријателка… Обрнете внимание на комуникацијата и на контактите. Немојте да се ограничување во искажувањето наклонетост. Слободните Ваги набрзина ќе одлучат да влезат во брачните води, а можно е и непредвидена бременост да ги забврза нештата. Сепак на крај ќе бидете пресреќни што сето тоа се случило и сето ова ќе ве научи да верувате во судбина.

Скорпија

Можни се потешкотии оваа недела на љубовен план. Овие случувања ќе доведат до тоа со партнерот да испитувате, да ја согледувате ситуацијата и да видите што довело до неразбирање.  Слободните Скорпии ќе уживаат во друштво на семејството и пријателите и во тоа дружење нема  ниту да забележат дека во нивна близина е една интересна личност што ќе им се наметне со својата харизма. Само несмеете да бидете скептични и дозволете си себе си да да уживате!

Стрелец

Низ оваа недела ќе ве водат емоциите за саканата личност. Ќе бидете горди на себе си и на партнерот, затоа што чувствувате дека љубовта е безгранична и дека може да се сака на поубав начин, повеќе и помагично. Слободните стрелци покрај синмпатијата ќе почувствуваат и љубовен занос и чудесна љубовна енергија, што набрзо ќе ги доведе до сериозна љубовна врска.

nextpage  

Јарец

Слободните Јарци би требало да се одлучат дали сакаат да и се вратат на поранешната љубов или сакаат нешто ново. Ова е клучен момент за тоа, затоа што веќе нема да добијат прилика за тоа. Се што чувствувате кон партнерот е евидентно и сеуште не сте ги потиснале чувствата. Оние што се во брак ќе го чуваат стабилниот однос со партнерот.

Водолија

Неделава очекувајте потешкотии во комуникацијата со партнерот, без разлика дали сте во врска или во брак. Оваа недела е мошне променлива во однос на ситуацијата на љубовен план, па затоа водете сметка што правите. Бидете внимателни некоја целосно непотребна работа да не ја уништи вашата љубов.

Риби

Оваа недела за Рибите пружа мошне добра емотивна ситуација со партнерот. Доколку и двајцата сте сигурни во обостраната љубов, потребно е да направите некои промени во врската или бракот доколку сакате да го зацврстите односот. Една личност одамна чека да се ослободите од оние личности што ви го крадат времето и го чека својот момент да застане пред вас и да почнете заедничка приказна. Ќе здивнете кога ќе се посветите на вашата заедничка иднина и ќе бидете многу посреќни и позадоволни.


Слично

Поврзани вести