Љубовен неделен хороскоп 17 04 - 23 04 2017
Овен
Оние од вас кои се наоѓаат во врска, ќе се почувствуваат како да треба да ги сокријат најскриената чувства од својот партнер/ка. Веројатно мислите дека тој или таа не би одобриле некој ваш најскриен сон. Ќе ви биде тешко да прифатите дека немате поддршка. Размислете дали врската може да продолжи на овој начин.
Бик
Во љубовниот живот на биковите исто така ќе биде нарушена хармонијата или барем до одреден степен. Имате лични аспирации, но партнерот одбива да ве поддржи финансиски. Можеби не верува дека целите ви се остварливи. Не ги одложувајте разговорите и лоцирајте адекватно решение, бидејќи премолчувањето ќе ги обврзува во несакана за врската насока.
Близнаци
Вашата енергија и либидото ќе бидат во пораст. Во петокот Марс ќе падне во вашиот знак за прв пат од пред околу две години. Како резултат на тоа, можете да очекувате да имате расположение за повеќе флертови од обично и така ќе биде до 4 јуни.
Вашиот интелект и духовитост ќе ве направат уште попривлечни за спротивниот пол. Користете ги квалитетите, за да ги постигнете своите цели.
nextpage
Рак
Слободните ракови имаат можност да ги забележат предзнаците во односот со лицата од спротивниот пол. Се ќе биде во ред, ако во овој период обрнете внимание на вашиот емотивен живот. Љубовта ќе се искристализира во текот на овој период и ќе бидете затекнати од случувањата. Обрнете внимание со кого се дружите и со кого стапувате во контакт и немојте многу да размислувате туку препуштете се на љубовниот занос. Што се однесува до раковите што се во врска или во брак ве очекуваат убави случувања што на некој начин ќе бидат интересни.
Лав
Слободните лавови ќе ја почувствуваат вистинската љубов на која несебечно ќе и се препуштат. Лав овите во брак пак ќе ги следат топли и хармионични односи во текот на оваа недела, така што добро е да го искористите овој период за малку да се опуштите и да уживате покрај саканата личност. Се што е важно треба да одложите, затоа што ништо не е итно, а подоцна ќе се сконцентрирате на договорите за проширување на семејството.
Девица
Девиците што се во брак оваа недела ги очекуваат негативни осцилации во односот со партнерот. Сте заборавиле да се договарате и заедно да носите одлуки и тоа ќе ги наруши вашите досегашни односи. Без оглед на сите дилеми, сепак ќе успеете да најдете излез и на крај пак да бидете среќни и задоволни. Слободните девици влегуваат во период кога еден настан ќе им го промени животот на подобро. Односно ќе имате низа интересни сред би од кои ќе се изроди една љубовна врска што до крајот на годината би можела да биде крунисана со брак.
nextpage
Вага
Вагите оваа недела би требало дља ги следат своите чувства кон една личност. Тоа може да биде партнерот, сопругот, пријател, пријателка… Обрнете внимание на комуникацијата и на контактите. Немојте да се ограничување во искажувањето наклонетост. Слободните Ваги набрзина ќе одлучат да влезат во брачните води, а можно е и непредвидена бременост да ги забврза нештата. Сепак на крај ќе бидете пресреќни што сето тоа се случило и сето ова ќе ве научи да верувате во судбина.
Скорпија
Можни се потешкотии оваа недела на љубовен план. Овие случувања ќе доведат до тоа со партнерот да испитувате, да ја согледувате ситуацијата и да видите што довело до неразбирање. Слободните Скорпии ќе уживаат во друштво на семејството и пријателите и во тоа дружење нема ниту да забележат дека во нивна близина е една интересна личност што ќе им се наметне со својата харизма. Само несмеете да бидете скептични и дозволете си себе си да да уживате!
Стрелец
Низ оваа недела ќе ве водат емоциите за саканата личност. Ќе бидете горди на себе си и на партнерот, затоа што чувствувате дека љубовта е безгранична и дека може да се сака на поубав начин, повеќе и помагично. Слободните стрелци покрај синмпатијата ќе почувствуваат и љубовен занос и чудесна љубовна енергија, што набрзо ќе ги доведе до сериозна љубовна врска.
nextpage
Јарец
Слободните Јарци би требало да се одлучат дали сакаат да и се вратат на поранешната љубов или сакаат нешто ново. Ова е клучен момент за тоа, затоа што веќе нема да добијат прилика за тоа. Се што чувствувате кон партнерот е евидентно и сеуште не сте ги потиснале чувствата. Оние што се во бврак ќе го чуваат стабилниот однос со партнерот.
Водолија
Неделава очекувајте потешкотии во комуникацијата со партнерот, без разлика дали сте во врска или во брак. Оваа недела е мошне променлива во однос на ситуацијата на љубовен план, па затоа водете сметка што правите. Бидете внимателни некоја целосно непотребна работа да не ја уништи вашата љубов.
Риби
Оваа недела за Рибите пружа мошне добра емотивна ситуација со партнерот. Доколку и двајцата сте сигурни во обостраната љубов, потребно е да направите некои промени во врската или бракот доколку сакате да го зацврстите односот. Една личност одамна чека да се ослободите од оние личности што ви го крадат времето и го чека својот момент да застане пред вас и да почнете заедничка приказна. Ќе здивнете кога ќе се посветите на вашата заедничка иднина и ќе бидете многу посреќни и позадоволни.
