Љубовен хороскоп за ноември 2017 - Лавовите ќе најдат нова љубов, кавги за овните...
Што ни носи љубовта во претпоследниот месец од годината?
Овен – Родените во овој месец ќе копнеат за задоволство и внимание. Оние кои се во врска ќе имаат претерано нереални барања од партнерот кој тој нема да може да ги исполни, ниту материјално, ниту емоционално. Во текот на ноември фокусот треба да биде насочен на избегнување на кавгите, но и опуштање. За слободните, ноември е месец на многу надежи, но и нивно исполнување.
Бик – Сите нешта се под контрола. Нема да има турбуленции во текот на овој месец. Сепак крајот на ноември носи сериозни конфликти. Обидете се да ги избегнете и да ги замените со страст. Слободните Бикови ги очекуваат многу работи, само потребно е почесто да излегуваат и да заборават на телефонот додека се излезени меѓу луѓето.
Близнаци – доаѓа до подобрување во љубовната врска, но и големо разбирање од саканата личност. Повеќе ќе бидете насочени кон решавање на професионалните проблеми, за што ќе добиете и поддршка од партнерот. Слободните Близнаци се преокупирани со себеси и немаат многу време и енергија за други личности.
nextpage
Рак – слободните Ракови се исфрустрирани бидејќи се сами, но треба да размислат зошто е тоа така. Дали се фокусирани премногу на пари, заработувачка и кариера, па не успеваат да најдат време за дружење. Ако сте во врска, ноември е еден од најдобрите периоди кога веројатно ве очекува почеток на заеднички живот со партнерот.
Лав – љубовните врски на Лавовите во текот на ноември минуваат низ динамичен период. Не ви е воопшто досадно во врската и уживате во дружењето, забавата и слободното време. Н сте оптеретени со љубомора и така и треба да продолжите. Слободните Лавови ќе најдат љубов поврзана со работата.
Девица – вие не сте сонувачи и сте многу практични кога станува збор за љубовта. Не флертувате без потреба, а ако некој ви се допаѓа веднаш тргнувате во акција. Бидете храбри и флертувајте, бидејќи овој месец ќе ја најдете својата сродна душа. Зафатените Девици ќе се соочат со период на монотонија и досада. Можно е неверство.
nextpage
Вага – ноември ќе биде интересен месец. Страствени сте и ќе направите се што е во ваша моќ да ја полудите саканата личност. Искрено сте заљубени и љубовта ви е возвратена на вистински начин. Ова е твој месец. Слободните Ваги ќе ја обноват старата страст.
Шкорпија – ќе размислувате за љубовта, ќе ги преиспитувате своето однесување и ставови. Ќе морате да промените многу работи на љубовен план, а причината за тоа е вашата надменост. Не сте лоша личност, ама внимавајте како се однесувате. Зафатените Шкорпии ги очекуваат многу искрени разговори со партнерот и љубопитноста ќе ви помогне за многу работи.
Стрелец – првата половина на ноември може да биде разочарувачка. Причината за тоа е вашата непостојаност и постојана потреба за многу работи. Комуникацијата е клучна, лесно е да се разберете ако седнете да разговарате.
nextpage
Јарец – овој месец ве очекуваат многу авантури. Сепак внимавајте да не ве заведе некој зафатен или оженет. Сите работи ќе се случат брзо, нагло и неочекувано и тоа не значи дека врската ќе потрае. Зафатените се во некое чудно расположение. Сите работи им сметаат, неодлучни се и немаат амбиција искрено да се посветат со саканата личност.
Водолија – ако останете осамени до крајот на ноември, сепак гледајте ведро на иднината. Декември ви носи сериозна врска, а иницијалниот контакт ќе го направите во ноември. За зафатените, ова е поволен месец за одење на годишен одмор.
Риби – слободните Риби имаат големи шанси да се заљубат во некој странец. Зафатените Риби ќе имаат можност за поубав друштвен живот кој ќе донесе и романтични моменти и среќа.
