Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубовен хороскоп за ЈАНУАРИ 2017 година

Љубовен хороскоп за ЈАНУАРИ 2017 година

Овен
Во љубовта, за разлика од работата, нема да ви биде се` и така добро. Стандарден месец, а во текот на овој месец обидете се што повеќе време да го поминувате со партнерот и да му се предадете 100% бидејќи може да дојде до несогласувања и проблеми во односот доколку партнерот се почувствува запоставено. Ова е период на потенцијални авантури и забранети врски во кои би можеле да упаднете.

Бик 
Период во кој можни се проблеми на поле на љубовта. Во текот на средината на месецот, можни се конфликти со партнерот, несогласувања околу животните работи (трошоци, пријатели, семејство, секојдневни ситници). За работите да се полоши, можни се и неоправдани изливи на љубомора, како партнерот кон вас, така и вие кон партнерот. Ако сте слободни, тогаш добро ви би дошол флерт кон крајот на јануари.

Близнаци 
Што се однесува до љубовта, Марс ја напушта Вага и со себе си ги зема сите тензии кои сте ги имале во претходниот период. За да не биде се` идеално, ќе се погрижи ретроградниот Меркур кој од време на време ви донесува ситни расправии. За слободните Близнаци никако поволен период кој ќе им тргне. Иако постоеше надеж со излегувањето на Марс во знакот на Вага страстите малку да се појават, сепак нема некој поволен партнер кој ќе ве воодушеви.

Рак 
Јануари и не е така идеален месец за љубов, но ништо што претходно не сте го доживеале или преживеале. На Раковите доста влијае ретроградноста на Меркур и сета негативност која Меркур со себе ја влече, такашто ова е месец кој ќе биде обележан со ситни расправии со партнерот, несогласувања, неможност за договор околу било што. За слободните ова е идеален период за запознавање на нови луѓе, можеби и идниот партнер - никогаш не се знае.

Лав 
Што се однесува до љубовта, линијата на вашиот љубовен графикон оди нагоре. Ситуацијата е многу подобра отколку претходните месеци, па ако сте имале било какви проблеми со партнерот, сега сигурно можете да ставите крај и повторно да се вратите во нормална комуникација, каква што треба да имаат две заљубени души. За оние кои се слободни, пред вас е ризичен период за влегување во емотивна врска, како за вас, така и за оние кои неодамна започнале во врска, па потребно е добро да размислите за нешто посериозно.

Девица 
Убав период што се однесува за заљубените Девици. Ако веќе подолго време сте во врска, сега е вистинскиот момент да ја доведете на едно ново повисоко ниво - брак и семејство. Оние кои веќе навлегле во овие води ќе уживаат пред се` во поддршката од партнерот, такашто сите останати проблеми паѓаат во вода бидејќи имате покрај себе некој кој е повреден од сето она поради кое се нервирате. Затоа, ако сте во можност да го изненадите партнерот со убав гест, кратко патување, макар и на еден ден, тоа дефинитивно треба да го реализирате.

nextpage2

Вага 
Се` што треба да биде, ќе биде одлично бидејќи Уран ви донесува мир и стабилност во љубовта. Секако, секоја врска ја прават убава и оние помалку убави работи, такашто во текот на месецот ќе имате мали несогласувања со партнерот, но се` ќе се реши онака како што вие би сакале. Овој месец ќе имате помош и од Венера, која ќе биде во Стрелец и ќе ви помогне во решавањето на сите љубовни проблеми. Слободните Ваги во Новата година треба да влезат ослободени од сите предрасуди, особено предрасудите кои ги имаат кон луѓето, поради што моментално се слободни.

Шкорпија 
Убав месец пред вас, барем на љубовно поле. Уживајте на сите можни начини и потрудете се вашата врска да ги усовршите работите, макар биле веќе 50 години во брак, не постои ништо поубаво од секојдневното заљубување и секојдневното докажување на оваа љубов. Нема да имате никаква препрека во текот на првиот месец од новата година, па не постои причина за загрижување. Слободните Шкорпии можат да очекуваат мирен месец и период кога нема да има никакви нови случувања, но главата горе, мора да биде подобро.

Стрелец 
Ви претстои и одличен период. Ве очекуваат бурни 20-тина дена поради присуството на Венера во вашиот знак. Оние кои неодамна се заљубиле и стапиле во врска, би можеле да се преиспитаат дали тоа е всушност вистинската работа. Мал број на Стрелци ќе имаат влијание од Венера, па ќе се впуштите во флертување и тајни врски и тоа во најблиското опкружување. Ако е веќе така, нека остане се` на флерт. За слободните Стрелци, Венера си поигрува со вашиот знак, па очекувајте интересе месец. Можно е да стапите во некоја врска или комбинација со поранешниот партнер, но ако барате вистинска љубов - тука нема да ја најдете.

Јарец 
Што се однесува до љубовта, овој месец ќе ви се случат неколку флертови, тајни размислувања за некоја личност, а оние со повеќе авантуристички дух би можеле да стапат во некои тајни врски. Периодот од средината на јануари ќе го обележат мали расправии со партнерот, како резултат на ретроградниот Меркур кој секогаш се јавува за да ги искомплицира нештата и животите, па бидете спремни на компромиси и тишина. Слободните Јарци во текот на минатото ќе се враќаат во минатото, што се однесува до љубовта.

Водолија 
Би можел да ве дочека лош месец, а проблемите би можеле да бидат во врска со партнерот поради некои работи што тој ќе ги дозна за вас. Дали постои нешто што криете веќе подолго време од партнерот? Ако постои нешто вакво тогаш подгответе тактика за да го објасните сето тоа, а ако не постои тогаш партнерот е оној кој има своја тајна која и не би ви се допаднала. Ако сте слободни ќе ви одговара друштвото и вниманието од еден Лав, па ќе ве натера да се чувствувате романтично во текот на целиот месец.

Риби 
Што се однесува до емотивните односи, вашиот брод навлегува во мирна пловидба. Не би требало да има проблеми иако ретроградниот Меркур шета околу вас, па можни се изненадувања. Дружењето со пријателите, семејството баш како и што требало да биде јануари - прекрасно, па искористете ја можноста да ги подобрите односите кои и баш не ви се најдобри. Ако сте слободни, љубовта во текот на јануари нема да ја пронајдете. Затоа, фрлете се на работа, бидејќи љубовта нема да ви цвета.


Слично

Поврзани вести