Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои хороскопски знаци најмногу лажат?

Кои хороскопски знаци најмногу лажат?

Лав

На Лавот му е неопходно да биде во центарот на вниманието. А, за да го постигне тоа често ги преминува границите. Затоа е способен да лаже и измислува. Ако ги фатите во лага, нема ништо да признаат, туку ќе ви докажат дека вие грешите. Ќе ве убедат дека црното е бело и уште на крај вие ќе излезете оние кои сакаат да се расправаат за ништо.

Риби

На рибите ни малку не им е тешко да лажат за да си ја сочуваат славата. Толку добро знаат да замачкаат очи што понекогаш и сами си веруваат во своите измислици.Овој знак е познат по својата посесивност, љубомора и самосожалување, па затоа што веќе живеат во измислен свет, не им е тешко да си измислуваат лаги и приказни.

Близнаци

Близнаците толку лесно ќе ве излажат, како тоа да е најприродната работа во светот. За помалку од минута може да ви ја издадат довербата. Толку често лажат што веќе не паметат на кој што му кажале, па лесно ќе се фатат во својата стапица. Додека да се свестите, Близнаците може да ве прелажат како се викаат, каде се родени, каде живеат, што работат... Тие не ја извртуваат вистината, тие жонглираат со неа.


Слично

Поврзани вести