Хороскоп за јануари 2018 година - три знаци ги очекува невројатна промена
Месечниот хороскоп предвидува дека следните три знаци ќе уживаат во романтични искушенија во месецов.
Овен – за Овните зимата е идеален период за љубов. Во средината на месец јануари можно е ново познанство преку пријател или роднина.
За зафатените, месецот ќе биде како создаден за авантури и влегување во забранета љубов. Од почетокот на јануари ќе флертувате каде и да се најдете, секогаш и во секое пријатно друштво. Кон крајот на месецот можно е познанство со лице родено во воздушен знак.
nextpage
Лав – имате во план да промените нешто во својот изглед на подобро, што во крајна линија ќе има позитивен ефект врз спротивниот пол. Ќе имате пријатна средба со Вага или Водолија. Зафатените ќе бидат опсипани со внимание од партнерот. Немојте да ја испитувате љубовта која ви е пружена, туку само прифатете ја. Кон крајот на месецот може да се јави сомнеж во партнерот и искреноста на љубовта. Од вас ќе се очекува да донесете одлука важна за вашата врска.
nextpage
Девица – уживате во љубовта, а истовремено вашиот партнер поддржува сѐ што правите. Треба да размислувате за брак или барем заеднички живот со партнерот. Слободните Девици ќе запознаат некој кој пријатно ќе ги изненади, а можно е и познанството да прерасне во нешто повеќе. Кон крајот на месецот ќе запознаете некој од кој ќе бидете воодушевени и кој долго време ќе ви се врти по главата. Овој месец ви нуди можност да ја поправите комуникацијата со блиските пријатели, бидејќи е можно да сте се одалечиле поради премногу обврски.
