ГОЛЕМ месечен хороскоп за ЈУЛИ 2017 година - Јарците да внимаваат, биковите ги очекува многу работа...
Овен
Блиските аспекти на Марс, вашиот владетел со Јупитер носат многу можности но малку реализација. Ситуацијата се поправа од први јули кога вашиот владетел Марс ќе почне да се движи директно. Сепак, без обѕир на различните фази на воздигнувања или падови во текот на овој период, ќе бидете задоволни со својот биланс на работното место и почитта што ја уживате во кругот на соработниците, а за резултатите да бидат подобри, ќе морате со полна пареа да се посветите на работата во првата половина на јули. Успешната формула треба да се повторува како гаранција за успех на работното место или за парична добивка. Вашите надредени се подготвени да го наградат вашиот труд или заложби на различни начини. Во периодот од 6-ти јули, за време на тригонот на Марс со Венера ве очекуваат нови успеси во решавањето на паричните и статусните прашања. Со влезот на Венера во знакот Лав на 12-ти јули, подготвени сте да прифатите работни места што бараат голем напор и оптоварување но носат добра заработка. Под поволниот аспект на Марс и Сатурн во хармоничните знаци Лав и Стрелец, следува склопување на нови поволни договори.
Здравје – Јупитер во вашето поле на болест спречува појава на проблеми, а ве придвижува во правец на превенција и носи оптимизам. Не одете преку вашите физички можности. Чувствителност на грлото и синусите до 13-ти јули. Можни се помали проблеми со ’рбетот во текот на целиот период.
Бик
Амбициозни сте, сакате да оставите добар впечаток на бизнис партнерите, но суштински оддавате впечаток како само парите да ве интересираат. „Разгорената“ Венера, со која почнува овој перод не ви оди од рака. Кога владетелот на знакот е „разгорен“ настаните бараат истенчена вештина за прилагодување, препознавање на намерите на соговорниците и мудри постапки. Знаете вешто да ги користите вашите способности и различните работни формули што ви носат успешни резултати, па да ги примените во периодото до 30-ти јуни, кога Меркур со влезот во вашето поле на комуникација отвара нови можности. Имате добри појдовни претпоставки, особено кога се решаваат важни работно-финансиски интереси, но ви недостасува трпение. Важно е да направите добра проценка и избор во текот на наведениот период. Младата месечина од 4-ти јули ги нагласува сите настани врзани за бизнис сферата, до таа мерка што дури е можна и промена на работното место. Во периодот од 13-ти јули, можете да ги остварите приоритетните цели и да подмирите некои финансиски долгови.
Здравје – Апсектите на Венера, што управува со вашето поле на болести со Сатурн во осмото поле ве опоменуваат на неопходноста од превенција како основа на доброто здравје. Детоксикацијата или некои алтернативни методи особоено поволно делуваат по конјукцијата на Месечината со Сатурн на 15-ти јули.
Близнаци
Сакате да ја подобрите вашата положба и материјалниот статус. Имате прекрасна визија и доволно енергија така што новите случувања на работното место не сакате да ги препуштите на случајот, но со целиот ваш труд Меркур во вашиот знак го претставува и двоумењето и неопределеноста. До 30-ти јуни, додека не влезе во знакот Рак ќе трпи притисок од опозицијата со Сатурн и неможе да ги исполни сите негови добри особеносто до крај. Важно е на работите да им приоѓате селективно и да не се обидувате се да решавате одеднаш, за да ја сочувате контролата нас ситуацијата. Преиспитајте ги новите бизнис прилики и проценете колку се реални, вредни или исплатливи. Во текот на овој период се стекнуваат услови за подобрување на финансиската состојба во согласност со поволното влијание на Венера на полето на парите. Ако се занимавате со едукација или комуникации, ќе бидете во можност да напредувате. Исто така, периодот е поволен за сите оние што се занимаваат со недвижности. Можно решавање на станбеното прашање.
Здравје – До крајот на јуни ретроградниот, потоа директен бавен Марс во вашето поле на болестите може да донесе разни видови инфекции, воспаленија и слични проблеми, во текот на целиот период. На најмалиот знак за проблем неопходно е да се обратите кај лекар.
nextpage
Рак
Имате доволно енергија и сериозна намера да го подобрите вашиот работен, материјален или вкупен статус, но периодот што е пред вас е обележен со фазата на полната Месечина на самиот почеток. Иако аспектот не е опасен претставува еден вид конфронтација и неразбирање со околината. Венера во првото поле ви носи хеоднистички идеи, па еланот за работа лесно спласнува по размислувањата за релаксација и одмор. Потребно е јасно да ги дефинирате вашите бизнис цели во договорот со доверливите соработници или со стручниот совет. Дури од 6-ти јули кога Месечината со влезот во знакот Лав ќе направи тригон со Сатурн почнувате да се будите и да сумирате што сте пропуштиле. Меѓутоа и тој скок на бизнис интересите е краток и дури кога Венера на 12-ти јули ќе прејде во вашето поле на пари ќе почнете сериозно да мислите за вашите работни обврски. Потоа и Меркур влегува во полето на парите, што значи дека следат ситни но бројни финансиски „аранжмани“. Ситуацијата значајно ќе се подобри на почетокот на втората половина на јули.
Здравје – Можно е создавање на камен во жолчката. Нагласена е чувствителноста на внатрешните органи. Сатурн во полето на болестите укажува на потребата да се следат и хроничните пореметувања но и да се зголеми дозата витамини. Променете го начинот на исхрана и внесувајте доволно течности.
Лав
Мошне сте креативни, имате прекрасни идеи и прилика да ги докажете вашите професионални способности во друштвото на соработниците. Освен тоа, планетите ви се наклонети па од 12-ти јули правете планови, а од наведениот датум почнете да ги реализирате. Слободно растргнете се на повеќе страни, затоа што во наведениот период Венера, а потоа и Меркур со влегувањето во вашиот знак потенцираат голем број прилики, идеи и договори и се останато што ќе го направи вашиот работен живот побогат и подобар. Условите во кои што се наоѓате делуваат променливо, но тоа нема да ве оневозможи да остварите позитивни резултати. Прашањето за работната организација и довербата во одредени соработници ќе бара од вас добро да размислите пред да се одлучите на конкретните одговори или за крајниот избор. Немојте да дозволувате да ве вознемируваат некои споредни настани, да се концентрирате на вашите цели и активно да ги следите новите настани. Покажете добра волја и подготвеност на различни промени и на усовршување.
Здравје – Исцрпени сте и потребен ви е одмор. Проблемите со несоница дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Престанете да мислите за случувањата од минатото, затоа што тоа дополнително ви го крева нивото на стрес. Водете сметка за апетитот и реалните потреби на организмот за да не нафрлите непотребно некој килограм вишок.
Девица
Повремените пропусти што ве следат за време на престојот на вашиот владетел Меркур во Близнаци и во вашето поле на кариерата и опозицијата со Сатурн до 30-ти јуни се знак за лоша концентрација или недостиг н а време, со недостаток на внимание. Способноста за добро запазување и вештината за брзото прилагодување во новите услови е секогаш вашиот главен адут во однос на бизнис конкуренцијата, но сега неможете да се потпрете на тоа па затоа бидете повнимателни. Неопходно е да се прилагодите на новите услови за работа и да оставите добар впечаток кај соработниците. Со поприкладен настап и темелен пристап, можно е да ја искористите позицијата на Јупитер во првото поле и на некој начин да профитирате од вашите идеи и способности. Меѓутоа, со оваа позиција на Јупитер мора да бидете повнимателни затоа што тој секогаш укажува на недостаток на чувства за детали, а со наведените аспекти на Меркур може да имате некои посериозни превиди во однос во процената. Искористете го периодот на Младата Месечина во вашето поле на плановите од 5-ти јули за нови акции. Добрите резултати се загарантирани.
Здравје – Можни се проблеми со исхраната како и тенденција за зголемување на тежината, како што тоа е на некој начин природно за секој знак каде што ќе се најде Јупитер. Мрснотии во крвта, затнување на крвните садови, шеќер и се слично што не е набројано може да се јави како последица. Мислете на ова.
nextpage
Вага
Понекогаш не е леснод а се препознае најдоброто решение, особено кога се наоѓате во месецот што го активира полето на кариерата со транзитот на Сонцето. Ви претстои активна улога во работниот живот и низа добри прилики, а се во согласност со аспектите во наведеното поле. Освен Сонцето до 30-ти јуни тука е Венера, вашиот владетел, што ги засилува сите можности, па и најмалите шанси се чинат реални. Настаните се на ваша страна, дури и кога тоа не изгледа така. Од 30-ти јуни се придружува и Меркур и ја нагласува комуникацијата и комбинацијата врзана за работата. Од тој миг морате да бидете максимално флексибилни и да внимавате на деталите. Без разлика на тоа колку сте сигурни во себе со или во вашите способности да преокупирате нечиј свет, пред да се впуштите во нова работно – финансиска трансакција. Во периодот од 3-ти до 6-ти јули избегнете го донесувањето одлуки и потпишувањето важни документи за работа, затоа што е можно да прифатите нешто што е невозможно адекватно да го завршите. Со преминувањето на Венера во знакот на Лав доаѓа до нови договори врзани за работниот живот. Од 1-ви јули треба да бидете поотворени за новитети.
Здравје – Јупитер кој владее со полето на болестите се наоѓа во 12-тото поле што меѓу останатото означува и престој во болница. Затоа водете сметска за сите симптоми и не занемарувајте ништо затоа што на дело може да се покажат рани симптоми на проблемите.
Скорпија
Ретроградниот Марс, владетелот на знакот веќе некое време врши притисок и бара да се редфинираат голем број на односи меѓу кои и оние на работен план. Сепак не менувајте ништо додека не почне да се движи директно од 1-ви јули. Ни по самото свртување не би требало да ги форсирате нештата туку да дозволите самите настани да се наместат па дури потоа да повлекувате потези. Важно е околу вас да имате група соработници на кои можете да им верувате, затоа што комбинацијата од различните стратегии носи позитивни резултати, посебно кога сте под вакви аспекти. Во финансиска смисла, и покрај ваквата состојба на владејачката планета ќе бидете во позиција да ја зголемите вашата заработка и успешно да решите некои имотни или инвестициски прашања. Во периодот до 12-ти јули со влегувањето на Венера во вашето поле на кариерата и со отпочнување на тригонот со Сатурн во полето на парите, ситуацијата значително ќе се подобри. Од 13-ти јули со влегувањето на Меркур настаните ќе се умножат и ќе се стекнат услови за постигнување договори.
Здравје – Поради позициите и состојбата на Марс, вклучете лесна физичка активност во секојдневната рутина и зајакнете ја дозата витамини, без разлика дали преку внесување повеќе овошје и зеленчук или пак во вид на таблети.
Стрелец
Сатурн во вашиот знак веќе подолго време ги забавува сите реакции и одложува голем број решенија на ситуацијата. За тоа посебно придонесува неговото ретроградно движење што укажува дека постојано се враќате на некои стари нешта, се обидувате да ги исправите, но пак ги правите истите грешки. Преиспитајте го вашето однесување, засилете го вниманието и концентрацијата, а ако и понатаму ништо не се промени на подобро, побарајте помош од некого во кого имате доверба. Избегнувајте ривалство со една повозрасна личност, особено ако ви е надредена. Во полето на кариерата е Јупитер, владетелот на знакот, но со Сатурн кој се наоѓа во вашиот знак прави нехармоничен аспект што укажува на деструктивен однос. На патот до успехот очекувајте препреки. Ќе бидете забавени, па за она што до неодамна го решававте за една минута ќе ви бидат потребни неколку дена. До 13-јули можни се и финансиски проблеми, односно недостаток на пари. Затоа воведете рестрикции на време. По овој период, Венера влегува во полето што означува странство, а работите со некоја странска компанија ќе ви обезбедат подобри приходи.
Здравје – Можни се главоболки како нормална појава под ваквите аспекти на Сатурн, потоа болки во вратот и во сите зглобови. Во случај на хронични болести прилагодете ја терапијата.
nextpage
Јарец
Периодот почна со фаза на полна Месечина во вашиот знак, што е јасен сигнал дека сте склони на исправување Криви Дрини отколку на сериозни работни обврски. Со оглед на тоа што овој аспект е незгоден на односите со околината, советот е пред да почнете да ги критикувате другите прво треба да „изброите до десет“, иако ниту до триесет нема да штети. Поважно од се е јасно да ги дефинирате вашите бизнис и финансиски цели во консултација со доверливите соработници. Неопходна ви е поддршка за да ги постигнете своите цели, и бидете толерантни кон луѓето од вашето опкружување. Меркур дополнително ја комплицира ситуацијата со влегувањето во областа на јавните настапи и директната конфронтација, на 30-ти јули. Можно е вашата работа и резултатите на некој начин да бидат под контрола на животната средина. Ќе имате чувство дека некој постојано го оценува она што вие го правите. Особено е лошо време за сите припадници на знакот роден кон крајот на декември, бидејќи освен со личните конфликти може да се соочи со турбулентна внатрешна криза.
Здравје – Пазете се од разни несреќи, лоша среќа … Ова е особено точно за машките припадници на знакот родени на 1982/12/27. кои ќе бидат најмногу изложени на лоши планетарни влијанија. Месечината на Алгола и опозицијата со Марс укажуваат на губење на самоконтролата.
Водолија
До 30-ти јуни, Меркур транзитира низ знакот на Близнаци, кој прави тригон со вашиот знак, што укажува на добар избор на цели и поддршка од околината во нивната реализација. Бидејќи немате многу време, забрзајте ги сите бизнис напори со цел да вродат со плод. Потоа следи една кратка, но интензивна криза што се однесува на договори за работа, а која е одбележана со промена на насоката на движење на Марс во вашето поле на кариера. Всушност, од 1 јули, Марс се движи директно и ги носи работите до точка на вриење, без разика дали околностите се позитивни или негативни. Советот е дека сите настани да ги забавите и да ги ставите под контрола, бидејќи било какви нагли промени не може да бидат доволно добри, барем не до втората половина на јули, кога Марс добива на квалитет благодарение на тригонот со Сонцето. Овој аспект ќе биде совршен на 15 јули, проследено со поволни денови за деловни промени. Сепак, и покрај придобивките, мора да имате на ум колку работите што одат заедно со новите бизнис аранжман се реални.
Здравје – Можни проблеми со дигестивниот тракт, желудникот, внатрешните органи. Сето ова е во еден мал хаос што бара дисциплина, особено до 30-ти јуни, додека Меркур ја нагласува потребата од систематски преглед.
Риби
Антагонизмот во работната средина е очигледен. Вашиот владетел Јупитер е во Девица, во знакот на неговото протерување, што укажува на тоа дека не ја контролира ситуацијата, туку луѓето со кои, по сила на околностите, треба да се работи. Донесувате одлуки како да сте во нивна моќ, или не сте во можност да проникнете во нивните скриени мотиви. Тоа е особено видливо во периодот до 30 јуни, кога Меркур гради аспект на опозиција со Сатурн во вашето поле на кариера, која е причината зошто сите комплицирани работи ќе станат уште посложени. Само после тоа, Меркур и Венера прават секстил со Јупитер, што значи дека ситуацијата се подобрува, но околностите се менуваат во ваша корист, на 13 јули. Овој краток период се уште нема да донесе многу нови можности, туку само исполнување на повеќето реални, па не губете време на “борба со ветерници” и незрели вложувања. Периодот по 13-ти јули е соодветен за одредување и подобрување на постигнатите цели, а е неповолен за нови потфати. Во секој случај, најважна е проценката дали целите и плановите се реални, и како вашиот владетел е загрозен добра идеја е да слушнете и второ мислење.
Здравје – На почетокот на периодот, се е тивко. Проблеми се јавуваат во средината на јули, кога планетите се концентрирани во вашето поле на болести и може да донесе промени на притисокот, како и вирусни инфекции. Клучот е превенција. Не занемарување на здравјето, поради работата и другите обврски.
