Еден ден ќе ти се придружам таму, да остариме заедно: Пораката на сопругата на Шабан распара душа
Гордана Шаулиќ се прости со потресни зборови од својот сакан сопруг Шабан Шаулиќ, кој трагично настрада во Германија во сообраќајна несреќа во саботата во раните утрински часови.
Неутешнана сопруга на Шабан му оддаде почит преку денешните дневни весници.
-Во добро и зло, низ бура и молња...43 години заедно, а уште многу требаше ... За мене ти си на еден далечен пат, каде и јас, како и многу пати, еден ден ќе ти се придружам, па таму некаде, сепак да остариме заедно. Од бескрајна гордост, до неизмерна болка во срцето и душата...Твоја Гоца - стои во пораката која ја дала вдовицата ан Шабан.

Слично
