Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека ние се молиме да има воз: Германска железница исплати 156 милиони евра компензации за доцнење

Додека ние се молиме да има воз: Германска железница исплати 156 милиони евра компензации за доцнење

Додека кај нас е сосема нормално да нема воз или градски превоз и секој од нас треба сам да си ги сноси последиците од тоа, германската железница се жали на големите компензации што мора да им ги исплаќа на патниците.

Како што пренесуваат германските медиуми, германската железница „Дојче бан“ (DB) минатата година им исплатила компензации на патниците во вкупен износ од 156,1 милиони евра поради доцнења и откажувања на возовите.

Оваа сума е трипати поголема од онаа исплатена во 2019 година, но е за околу 41 милион евра помала во споредба со износот што бил исплатен една година претходно.

„Претпоставуваме дека износот е помал и поради тоа што минатата година немаше поголеми вонредни настани како што се штрајкови“ - изјавил претставникот на железницата Михаел Петерсон.

Сепак, овие трошоци претставуваат значителен финансиски товар за „Дојче бан“.

Според наводите, секторот за патувања на долги релации негативно влијае врз вкупниот биланс на компанијата.

„Бројните градилишта и местата каде што се реконструира пругата предизвикуваат сериозни нарушувања. Затворање на пруга што трае неколку недели значи загуба на приходи во милионски суми“ - објаснил Петерсон.

Дополнително, месечната претплата што овозможува неограничено користење на локалниот и регионалниот јавен превоз низ цела Германија уште повеќе ја влошила состојбата за „Дојче бан“.

Според Петерсон, компанијата поради тоа изгубила 15 милиони патници.

Пополнетоста на возовите на долги релации падна на 48 проценти во 2025 година. Пред пандемијата со ковид, таа изнесуваше 56 проценти и сакаме повторно да се вратиме на тоа ниво - додал тој.

Компанијата неодамна се соочила и со одредени превирања во врвот на управата, наведува „Шпигл“.

Минатата недела, пет членови на Управниот одбор на „Дојче бан“, вклучувајќи ја и извршната директорка Евелин Пала, испратиле писмо до претседателот на Надзорниот одбор во кое ја критикувале финансиската директорка во заминување Карин Дом.

Извор: Машки магазин / Б. С. Б.

Слично

Поврзани вести