Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 24 07 2017 Понеделник

Дневен хороскоп 24 07 2017 Понеделник

Овен

Најдобро би било некои работи да ги оставите да малку настрана, размислете добро пред да тргнете во конкретна акција. Дури и да сакате, моментално не сте во состојба да се изборите со проблемите. Можно е веќе утре да се чувствувате подобро и со леснотија да ги поминете сите препреки. Почнете да го планирате летниот одмор.

Бик

Емоциите се нагласени, но не претерувајте со нивно искажување во јавноста. Со партнерот ќе остварите одлична соработка и желба заедно да присуствувате на некое уметничко случување. Потрудете се да бидете креативни, се' е во знакот на комуникацијата и дружењето.

Близнаци

Конечно ја сфативте пораката на околината, па така и се однесувате, смирено. Сите активности што би требало да ви донесат конкретни резултати денес се оневозможени, а тоа го зголемува незадоволството. Во наредниот период насочете го вниманието кон себе.

nextpage

Рак

Се спуштивте на земја и реално ја согледувате ситуацијата, така што големи се шансите успешно да ги решите сите проблеми. Во спротивно, ако се дистанцирате, тие само ќе се таложат. Почнете да се дружите со книгата, можеби ќе се пронајдете во неа.

Лав

Зголемената енергија и повеќето обврски што треба да ги извршите ве доведуваат до опасност да направите грешка. Повреди и сообраќајни несреќи може да се случат доколку сте замислени и невнимателни. Затоа однесувајте се внимателно и одговорно.

Девица

Сознанието дека живеевте во илузии е болно, посебно за вас. Мислите дека никој и ништо не може да ве изненади, но, очигледно, не е така. Сфаќате дека лицето на кое му верувате ве злоупотребува и ве искористува.

nextpage

Вага

Се наоѓате во добро расположение и исклучително добро комуницирате со околината. На момент заборавете ги проблемите ако сакате да бидете среќни. Здравствената состојба не е сјајна, имате проблеми со хормоните, поради што сте нервозни.

Скорпија

Имате проблеми со временските промени, а тоа влијае и на вашето расположение. Моментално сте окупирани со финансиите затоа што доцнат. Бидејќи станува збор за веќе заработени пари, бидете трпеливи, сигурно ќе стигнат. Обратете внимание на консумирањето алкохол и цигари.

Стрелец

Ништо не може да се промени преку ноќ. Важно е да почнете правилно да размислувате за тоа како на најпаметен начин да го осмислите времето. Што се однесува на работата, ја извршувате сјајно. Единствено не ви оди од рака дружењето, трудете се повеќе.

nextpage

Јарец

Успеавте на начин својствен за вас, што значи упорно и немилосрдно, да постигнете успех. Уживајте во него додека можете и ќе се чувствувате сјајно. Кога ќе размислите подобро, потребен ви е одмор. Посветете му внимание на партнерот, одете во кино.

Водолија

Што ви се случува? На сите им го свртевте грбот. Околината ќе ви го прости тоа, но не и партнерот. Тој смета дека вашиот однос е прилично проблематичен и размислува дефинитивно да го среди сето тоа. Доколку сакате да спасите нешто, тргнете во акција.

Риби

Имате време да размислувате и да сонувате. Се буди вашата интуиција, но и смислата за сите работи што немаат врска со реалноста. Пред вас е успешен ден, не дозволувајте некој да ви го упропасти. Партнерот се дистанцира од вас, потрудете се повторно да го придобиете.


Слично

Поврзани вести