Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 23 08 2017 Среда

Дневен хороскоп 23 08 2017 Среда

Овен

Потребно е да испланирате различни детали кои делуваат позитивно на околината. Доколку имате сериозна врска потребно е да се ослободите од непотребната недоверба или од емотивната кочница која вас ве спречува во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.

Бик

Може нема да бидете во најдобро расположение денес. Избегнете го преземањето на нови одговорности денес, бидејќи сносите ризик од загуба на енергија. Ви престои интересен период. Нови познанства и пријателства ќе им помогнат на некои Бикови да ги заборават свежите рани.

Близнаци

Може да ви произлезе шанса да се вклучите во некоја нова активност која ќе ви донесе значајни професионални и финансиски бенефиции.Ќе работите многу напорно, но колегите може да не се чувствуваат најдобро поради тоа.

nextpage

Рак

Денес нема да ги сакате комплицираните работи, туку ќе се обидувате на едноставен начин да стигнете до среќата. Подарете бакнеж или понудете ѝ ја својата поддршка на личност која секогаш ја оттурнувавте од себе. Ќе се изненадите од тоа колкава е моќна на малите гестови.Не заборавајте дека не можете со зборови да ги принудите луѓето да имаат почит кон вас.

Лав

Сте прекинале неодамна со партнерот? Не очајувајте, бидејќи уште денес ќе имате шанса да ја обновите вашата љубов. Но, добро размислете што навистина сакате, бидејќи наскоро ќе добиете понуда за состанок од една личност која ќе почне да ви се допаѓа.

Девица

Утринава имате добри вести: треба да добиете значителна сума на пари. Вашата сакана личност ќе биде среќна. Добар е моментот да започнете со правење на планови за иднината и за средби со пријателите. Девиците кои сѐ уште трагаат по љубов ќе бидат прилично незадоволни овој период.

nextpage

Вага

Снаодливоста, брзината и способноста за предвидување ќе ви бидат главните адути денеска. Вагите кои се во врска ќе имаат повеќе време за себе зашто партнерот ќе биде презафатен со работата. На некои Ваги им следи и кратко раздвојување со партнерот поради неодложен пат.

Шкорпија

Денеска ќе бидете на граница со нервите поради неуспех на некој ваш бизнис. Не дозволувајте нервозата да се прелее во вашето семејство! Би било подобро да се запрашате себеси што имате направено погрешно за вашите бизнис партнери.

Стрелец

Вашиот љубовен живот и социјалните контакти можат да бидат нарушени поради вашиот неуспех да комуницирате. Може да се чувствувате исцрпено и нерасположени да гледате било кого. Како и да е, ви се советува да прифатите да излезете заедно со саканата личност.

nextpage

Јарец

Мала доза на самоувреност е позитивна, но водете сметка да не претерате со егоцентризмот, бидејќи никој во околината нема да може тоа да го трпи. Партнерот ќе ви замери ако не се сетите на некој важен заеднички датум. Очекува соодветно внимание од ваша страна.

Водолија

Ќе ја имате можноста вашиот уметнички талент да го искористите на добар начин. Креативноста ќе ви помогне многу и соработката ќе се одвива одлично. Не двоумете се да започнете нова активност! Имате добри шанси да успеете професионално и во бизнисот.

Риби

Денешниот ден ќе биде забавен и разигран. Уживајте во социјалните настани и дружењето со помлади личности. Посетете некакви културни случувања – можеби уметност, филм или театар. Искуството ќе биде прекрасно а, ви ќе се чувствувате облагородени. Направете планови да ги видите тие што ги сакате.


Слично

Поврзани вести