Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 20 11 2017 Понеделник

Дневен хороскоп 20 11 2017 Понеделник

Овен 

Верувате во она што го слушате бидејќи во моментов тоа најмногу ви одговара. Немате време да се фокусирате на оние активности на кои би требало да се фокусираат вашите соработници. Мора да бидете малку построги кон нив и мора да воспоставите ред во својот живот бидејќи единствено така ќе ги исполните сите работи кои сте ги замислиле. Верувате дека еден Рак е добронамерен кон вас дури и кога не се однесува така. Можна е понуда за некоја друга работа.

Бик 

Можеби ќе пронајдете свој начин во остварувањата на некакви планови и идеи и нема да ги послушате советите или филозофиите на другите околу вас во врска со некои пари, позајмици, некакви активности со банки или документација, а во врска со пари. Всушност, имате свој стил и во еден следен период ќе инсистирате на своето мислење и своите постапки и нема да погрешите. Приклонувањето кон некакви стандарди, медиокритетски правила всушност води кон неуспех, особено ако се во прашање проценки или начини на заработка.

Близнаци 

Многу сте амбициозни и тоа не го криете, напротив, подготвени сте многу и напорно да работите за да успеете во нешто што на многумина не им успева. Ви се отвораат нови можности кога станува збор за работа со странци или било кој вид усовршување во странство. Во состојба сте да ги импресионирате оние со кои работите.

nextpage

Рак 

Полни сте со верба и енергија, што многу ви ја олеснува работата. Лесно ги надминувате проблемите. Важно е да ја искористите наклонетоста на планетите и да бидете трпеливи. Вашите денови дури сега доаѓаат. Денес ќе бидете расположени и активни.

Лав 

На полето на кариерата не сте решиле се, но може да очекувате поволни вести во врска со нешто од порано. Малку се смиривте и сега можете на правилен начин да ги разгледате сите работни можности. Иако сте незадоволни од работата, не брзајте. Ќе ве израдува повикот на некој поранешен партнер. Во овој период ќе имате недостаток на пари и тоа ќе го зголемува вашето незадоволство.

Девица 

Денес можете да имате одлични и храбри решенија кои ќе ви донесат корист или пак ќе се манифестираат во некоја финансиска корист од нешта што сте ги започнале или завршиле од неодамна. Значи можности за некаква исплата, пари и се околу нив во бенефитна конотација. Внимавајте на своето однесување во јавноста, на јавни места, говорот посебно, неговата наметливост и силина, теми, особено тема татковина, патриотизам и докажувања од политичката сфера за право и неправо. 

nextpage

Вага

Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред. Имено, ако се од спиритуална, духовна природа, успешноста е речиси загарантирана, но ако се од материјална, успешноста рапидно опаѓа во зависноста од тоа колкава е вашата заглавеност во материјалноста.

Шкорпија 

Се се случува ненадејно, непланирано. Познанствата, сојузите, размените на искуствата. Уште кога би можеле да не се нервирате. Тензијата станува составен дел од комуникацијата со околината. Затоа се можни препреки придружни со расправии. Пожелно е да се контролирате. Вашата комуникација со околината е важна за понатамошните бизнис партнерства.

Стрелец 

На проблемите им приоѓате од дистанца. Не сакате во нив да се внесувате претерано, бидејќи не наидувате на интерес за такво нешто. Бидејќи имате деловен успех, добро се чувствувате и сакате да уживате на својствен начин. Кога сте во криза, никому не му досадувате. Внимавајте во разговорите со вашите партнери, може да откриете нешто што ќе ве изненади, за жал негативно.

nextpage

Јарец 

Се обидувате да се дистанцирате од се што ве оптоварува, а го работите она што ви причинува задоволство. Доколку некој ви прави дополнителни проблеми, подсетете ги своите соработници на основните правила за професионално однесување и не дозволувајте за вас да се зборува на погрешен начин.

Водолија 

Забележувате дека некој внесува дополнителни проблеми во деловните кругови. Не учествувајте во јавни расправи околу деловните интереси. Потребни ви се практични резултати, а не интелектуално надмудрување. На оние кои постојано се противат на вашите идеи покажете им каде им е местото. Не трошете пари на непотребни работи.

Риби 

Може да бидете многу успешни во работата која од вас бара способност некого да го убедите во нешто, можно е да станува збор за приватен проект или за некоја работа која би можела да биде добро платена во соработка со странци. Очекувате повик од лице со кое треба да се сретнете во странство. Се чувствувате подготвени да го продлабочите новото пријателство кое многу брзо може да се претвори и во добра профитабилна соработка. Добро се сложувате со некој Јарец кој ги стимулира вашите амбиции.


Слично

Поврзани вести