Дневен хороскоп 19 09 2017 Вторник
ОВЕН
Денес бидете внимателни и трпеливи. Импулсивноста може да ви направи проблеми на работното место. Провокациите од претпоставениот не смеат да влијаат врз вашето расудување. Денес е можна помала парична добивка, но бидете внимателни со трошоците.Парите како да ви се лизгаат од рацете. Имате големи планови за вложување во домот, и поради тоа ќе мора да штедите. Партнерот презема некои конкретни чекори во тој правец, и би требало да го следите.
БИК
Вашите колеги денес ќе очекуваат помош од вас. Заборавете ги старите недоразбирања и помогнете им. Тоа ќе помогне во остварување на заедничките интереси. Доколку имате планови за преселба, денес ќе треба да преземете конкретни чекори и да донесете одлука што точно сакате. Партнерот се обидува да ги контролира вашите трошоци, а тој самиот несвесно троши повеќе од вас. Пренесете му ги тие забелешки, но внимавајте на тонот, затоа што може да дојде до кавга.
БЛИЗНАЦИ
Работата ви се зголемува секојдневно, и чувствувате дека веќе не можете да го издржите наметнатиот притисок. Меѓутоа, зголемениот обем на работа ви овозможува и поголема финансиска сигурност, и поради тоа ќе морате да продолжите со исто темпо. Доколку имате некој проблем, обратете се за помош на постар колега. Тој може да преземе голем дел од вашите обврски. Со партнерот ве очекува мирен ден. Но бидете внимателни и не играјте си со неговото трпение.
nextpage
РАК
Доколку сакате да постигнете успех во работата, ќе морате и да поднесете некои жртви. Свесни сте дека најтешко ќе ви биде откажувањето од некои приоритети кои сте ги зацртале во домот, но ќе морате да ги искористите шансите кои ви се нудат. Денес е можна поголема финансиска добивка која ќе ви даде елан за понатаму. Доколку сте во брак, бидете внимателни и не впуштајте се во флерт. Можеби во моментот тоа го храни вашето его, но може да има сериозни последици врз вашиот брак. Фактот дека вашиот партнер е повлечен и изгледа незаинтересирано, нека не ве залажува.
ЛАВ
Денес храбро зафатете се со новите предизвици. Немате што да изгубите и тоа може да биде голема мотивација за вас. Еден колега ќе побара совет од вас и ќе ве натера на размислување. Всушност, ќе сфатите дека вие немате кому да му се обратите доколку ви притреба нешто. Опкружени сте со многу пријатели, а сепак сте осамени. Во љубовта чувствувате дека давате многу повеќе отколку што примате. Не запаѓајте во самосожалување. Направете напор и сменете некои работи во животот. Доколку сте во брак, денес може да се случи да го навредите партнерот. Внимателно избирајте ги зборовите кога сакате нешто да му кажете.
ДЕВИЦА
Денес ќе се обидете да работите на повеќе полиња. Додека им помагавте на другите, вашите обврски се трупаа, и денес ќе бидете принудени да побарате помош. Тоа ни најмалку не ви се допаѓа , но роковите почнуваат да ве притискаат и немате друг излез. Доколку имате сопствен бизнис, денес ве очекува разговор со странски партнер. Од утре ситуацијата може да се смени, и поради тоа инсистирајте денес да завршите со преговорите. Можни се проблеми со жолчката и затоа е добро да направите контрола.
nextpage
ВАГА
Веќе подолго време очекувате промени на работното место. Досегашните очекувања останаа нереализирани, и веќе чувствувате разочарување. Не предавајте се. Денес е можен разговор кој ќе ви даде нова надеж и, конечно, ќе се појави светло на крајот од тунелот. Бидете трпеливи и толерантни. Вашите проблеми не се најважни и најголеми. Партнерот не ви е од голема помош, и тешко дека ќе можете да се потпрете на него. Тој моментално се наоѓа во криза и очекува помош од вас.
СКОРПИЈА
Доколку имате сопствен бизнис, денес очекувајте нова понуда која ќе ви овозможи да ги средите финансиите на пократок рок. Се наоѓате во тежок финансиски период, и секој прилив е само капка во морето на вашите потреби. Бидете внимателни и не пренесувајте ја нервозата врз колегите. Потребен е разговор, но нема потреба од остри зборови.Осамените Скорпии се наоѓаат во маѓепсан круг. Имаат потреба од партнер и премногу ја идеализираат личноста што не го заслужува тоа.
СТРЕЛЕЦ
Денес ве очекуваат неколку работни средби. Енергијата која ја трошите, воопшто не одговара на финансиите кои ги добивате. Ќе морате да седнете и да направите финансиска конструкција, затоа што моментално имате повеќе одливи отколку приливи. Бидете трпеливи и не потклекнувајте на притисоците. Откажувањето не е решение. Единствен проблем во партнерските односи ви се финансиите. Кога тоа ќе се реши, ќе ја снема и кризата. Внимавајте на исхраната. Поради неправилната исхрана, имате стомачни проблеми.
nextpage
ЈАРЕЦ
Веќе подолго време размислувате за пронаоѓање нова работа. На сегашното работно место се наоѓате во материјална криза, и сметате дека сте недоволно платени. Пред да направите поголема грешка, обидете се да пронајдете некое дополнително занимање. Можеби тоа ќе ви помогне да ги решите моменталните проблеми. Денес ќе добиете таква понуда од стар пријател. Прифатете ја и обидете се да направите добра проценка на вашите идни чекори. Партнерот е многу осетлив, и поради тоа избегнувајте да му ги кажувате вашите проблеми.
ВОДОЛИЈА
Премногу емотивно се поставувате кон работата и соработниците. Денес е можно еден од колегите да ви прави опструкции. Обидете се да останете ладни, затоа што со нервозата само ќе ја влошите ситуацијата. Денес се можни приливи од две места. Распоредете ги на најдобар можен начин, затоа што во следниот период можно е зголемување на трошоците. Партнерот не сака да биде во втор план и поради тоа би требало да му обратите поголемо внимание. Се прејадувате на нервна база. Неопходна ви е диета.
РИБИ
Работата ви е сведена на секојдневна рутина и почнува да ве убива монотонијата. Сакате нешто да смените, но си уште размислувате дали е тоа потребно. Можеби е најдобро да внесете новини во вашата досегашна работа. Во моментов имате финансиски проблеми поради доцнењето на исплатите. Денес очекувајте прилив кој нема многу да ве израдува, поради тоа што е потрошен предвреме. Од партнерот ништо посебно не очекувате, и поради тоа се обидувате да ги хармонизирате односите. Најмногу од си ве плаши самотијата.
