Дневен хороскоп 19 05 2017 Петок
Овен
Околината ви поставува тесни кругови и ви ја намалува можноста на избор. А вие сакате многу слобода и помалку обврски. Решавањето на старите долгови ќе го задоволите со очекувањата од околината. Организирајте се подобро и не задоцнувајте на закажаното. Отфрлете ги непотребните работи за подоцна. Здравје: лошо енергијата е намалена и нервозни сте. Посетете го лекарот.
Бик
Не ви недостига прилика за забава, а позитивните настани на емотивен план ќе ве подтикнат да се соочите со внатрешните стравови. Денот е одличне за започнување на нешто ново. Верувајте во вашата среќа и искористете ја секоја прилика за истакнување и развој на вашата креативности негување на вашиот спортски и уметнички талент. Ќе бидете омилени во друштво. Здравјето одлижно ве служи.
Близнаци
Поголемиот дел од времето ќе го вложувате во деловни почетоци и зголемените секојдневни обврски. Иако ќе морате да се прилагодите на професионалните услови, сепак ќе бидете полни со енергија, одлучни и страствени што најповеќе ќе се почуствува во љубовниот живот. Надокнадете го пропуштеното и покажете што ви лежи на срце. Похрабрите ги прати среќа.
nextpage
Рак
Некои помали промени на работното место ќе ви дадат додатна сила за постигнување на подобри резултати. Нема да се пожалите на досада. Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите. Слободните Ракови ќе се запознаат интересна и комуникативна личност. Грижете се повеќе за вашата убавина.
Лав
Ќе ви биде доста напорно на работното место. Обидете се да ја поделите работата со вашите колеги, бидејќи не ќе можите сами да ја завршите. Финансиската состојба драстично ќе ви се подобри. Постои голема можност да ги разрешите сите недоразбирања со партнерот, бидејќи ќе можете отворено да зборувате за се што ве измачува во врската. Здравје: чуствително: особено обрнете внимание на вашата слаба точка-срцето крвниот притисокот.
Девица
Се наоѓате пред прагот за остварување на една интимна желба, затоа дадете се од себе за да го реализирате планираното. Направете добра организација и делувајте правилно. Во љубовта ситуацијата не е најдобра, па на моменти не ќе знаете како треба да се однсеувате кон вашиот партнер. Внимавајте тоа може лоќо да делува врз вас. Здраствената сотојба ви е чуствителна особено кај родените во септември.
nextpage
Вага
Не ќе можете да ги видите резултатите од вашата работа ниту пак насоката по која се движите не ви е многу јасна. Без грижи ваквата ситуација за брзо време ќе се среди. Многу од вас ќе жртвуваат дел од слободното време за да ги завршат работата. Емотивниот живот ви е стабилен потполно го разбирате вашиот партнер и му помагате. Здравје: нежно - проблеми со органите за варење на храната.
Скорпија
Не дозволувајте обврските или некои луѓе да се претворат во препрека на вашите приватни задоволства. Се повеќе ќе бидете загрижени за фашата финансиска состојба. Искористете го денот за некои поважни работи за во иднина. Слободните Скорпии љубов можат да најдат со продлабоување на пријателството. Во сериозните врски подарете повеќе внимание и нежност на вашиот партнер.
Стрелец
Многу е важно да се докажите на професионален план, бидејќи работната несигурност ја внесувате и на останатите сфери на вашиот живот. Ќе бидете амбициозни и пробивни, но склони кон стресови. Можеби ќе се најдете во мала приватна војна со околината. Импулсивни и директни тешко ќе ги избегнувате судирите и нема да можете да ги признете вашите грешки. Здравје; нестабилно.
nextpage
Јарец
Необично убав ден за заљубените. Ако планирате некое патување со партнерот ова е вистинскиот ден. На работното место не дозволувајте повторно да западнете во сопствената замка-грешка па извинување-бидејќи овој пат можно е погрешниот чекор да не се поправа. Финансиската состојба ве оптеретува без некоја посебна причина. Здравје: добро ве служи внимавајте како ракувате со електричните апарати.
Водолија
Со вашето напнато однесување можете да ја загрозите вашата моментлана ситуација. Наеднаш ќе влезете во ситуација ,,сега или никогаш ,,која слободните ќе ги подтикне на похрабри сексуални авантури или ќе ги привлече некоја стара љубов. Серозните врски чувајте ги од самите себе, бидејќи ќе бидете пренагли во реакциите и пресубјективни во донесувањето на оценки. Можна е љубомара и помали кавги.
Риби
Ова е доста важен ден за вашето деловно работење, па затоа ќе морате да бидете потрпеливи во односите со соработниците и да избегнвуате секаква врсти на судири. Нема да бидете во позиција да поставувате барања, па и колку да ве нервира плеткањето на околината во вашиот живот. Поврзете ги вашите акции со пријателите и побарајте помош. Во врската иницијативата препуштете му ја на вашиот партнер.
