Дневен хороскоп 18 10 2017 Среда
Овен
Ситуацијате ви се подобрува. Ќе бидете ведри ќе наидувате на многу задоволства и дружење. Ова е добар ден за склопување на нови пријателства како и за друштвениот живот кој не мора да биде диригиран од деловните интересеи, но во иднина може да се покаже и работно корисен. Во сите парични работи потребно е внимание. И воопшто во се друго треба да бидете внимателни но тоа е однсувањето кое одговара на вашата природа.
Бик
Потребно е да вложувате многу труд за правилно и навремено извршување на работните задачи и воопшто за постигнување на некој успех. Комуникативноста денес ќе ви биде одлична , но тоа не значи дека треба да се впуштите во решавање на проблемите поврзани со склучување на договори. Во љубовниот живот ќе морте да го расчистите лошиот однос со партнерот. Бидете директни.
Близнаци
Правилно ќе ја прецените моменталната ситуација на работното место но ќе заборавите на некои помали делови кои се доста важни. Ќе ви помогне ваш стар пријател или колега и ќе направи работата да биде спасена. Преоптоварени сте со деловни обврски и немате доволно време за приватниот живот. Морате нешто да превземете околу тоа прашање, зошто на крај можеби ќе бидете напуштени.
nextpage
Рак
Одличен ден за работа. Со поамбициозните работи сте на прав пат па затоа ќе имате напредок. Односите со соработниците и претпоставените се задоволителни, а финансиската состојба ви задава грижи. Во приватниот живот ќе имате многу среќен ден. Ќе бидете привлечни за личностите од спротивниот пол. Здраствената состојба ви е чуствителна, имунитетот опаднат-внимавајте од настинки.
Лав
Со причина ќе бидете загрижени за понатамошниот развој на случувањата врзани со работното место. Моменталните случувања се доста сериозни, но секако дека вие не сте единствени кои се соочувате со преоблемот. До вас се вашите колеги кои ќе ви помогнат да ја пребродите моменталната ситуација. Што се однесува до љубовта расправиите кои ќе ги имате со вашиот партнер се доста негативни за врската.
Девица
Настаните ви излегуваат од контрола особено меѓучовечките односи стануваат извор на промени и возбудувања. Ќе морате да бидете внимателни во отворените пресметки и бучни реакции, но тоа за некои ќе биде еден начин за да можат да се справат со изненадувањата кои ќе им ги подготват другите.
nextpage
Вага
Работните задачи воопшто нема да ви претставуваат проблем, ги извршувате со големо задоволство и елан. Ви се закануваат финансиски неприлики, па најдобро би било да бидете внимателни во трошењето. Бидете трпеливи ситуацијата ќе се подобри. Не ви се добро аспектирани работите со странство, па затоа не би требало да превземате ништо. Љубовниот живот ви е стабилен и ве прави среќни.
Скорпија
Најзначајно за вас денес е искористувањето на вашите ментални потенцијали. Ќе бидете постојано исполнети со прогресивни идеи, кои ќе наидат на одличен прием, било каде да ги презентирате. Начинот на кој тоа го правите е професионален и оставате силен впечаток кај сите ваши слушатели, кои нетрпеливо исчекуваат што ќе кажете. Родените од првата декада ќе размислуваат за важна одлука во врска со љубовта.
Стрелец
Ви се зголемува опасноста од кавги што ќе го ограничи вашето делување. Нема да имате енергија, ќе бидете раздразливи и најчесто лошо насочени. Вашите проекти можат да се изјаловат, бидејќи нешто сосема грешно сте направиле. Не е време за започнување на нови работи иако во моментот имате и некои добри показатели. Во приватниот живот ситуацијата е средна, но со тенденција на подобрување.
nextpage
Јарец
Заборавете на ветувањето кое сте му га дале на некоја ваша блиска личност, бидејќи не ќе бидете во состојба да го исполните. На работното место ќе се соочите со препреки. Најдете подобро решение за проблемот. Финансиите ви се одлични но внимавајте, бидејќи трошите без контрола. Во љубовниот живот ве очекуваат новини кои се добре дојдени за вас во моментот.
Водолија
Ќе имате многу сила за да можете да ги совладате препреките. Ќе бидете помалку раздразливи, па опасноста од расправии со околината ќе биде се помала. Најдобро ви е аспектирана упорната работа. Имате изгледи да ја стабилизирате вашата ситуација, но за тоа ќе морате да посветите многу енергија. Не ви препорачуваме никакви импровизации. Во љубовните врски владее толерантност.
Риби
Вашата самодоверба се зголемува како и угледот во очите на луѓето со кои морате да соработувате така што вашата положба значително ќе се подобри. Во секој случај работите ќе се одвиваат онака како што планирате. Што се однесува до љубовта, ќе биде присутна љубомората, а недостатокот на слободно време со вашиот партнер ќе ви прави проблеми. Потрудете се повеќе околу партнерот и не дозволувајте да се појавува сумничавост
