Дневен хороскоп 18 05 2017 Четврток
Овен
Верувате во она што го слушате бидејќи во моментов тоа најмногу ви одговара. Немате време да се фокусирате на оние активности на кои би требало да се фокусираат вашите соработници. Мора да бидете малку построги кон нив и мора да воспоставите ред во својот живот бидејќи единствено така ќе ги исполните сите работи кои сте ги замислиле.
Бик
Вие знаете како да уживате во животот, па не е ни чудо што во секој момент наоѓате убавина и надеж. Енергични сте, имате богата фантазија, ги цените правилните вредности и знаете да бидете оптимисти. Иако не ве заобиколуваат разочарувањата и тешкотиите, сепак знаете да воспоставите лична контрола. Одлична помош ви се уметноста, природата и домашните миленици.
Близнаци
Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дозннаете информации за некои минати работи. Ова е период кога ќе се сретнувате со некои стари пријатели. Не преземајте нови проекти, туку размислете ги подобро идеите и случувањата кои ги имате во моментот. Внимавајте, можно е да не бидат правилно разбрани вашите пораки.
nextpage
Рак
Сослушајте ги добро фактите пред да донесете некоја одлука. Забележувајте ја невербалната комуникација на вашите соговорници, бидејќи може многу работи да ви открие. Денес ќе сакате да се вратите на основите. Односно, ќе уживате во едноставните домашни, семејни и пријателски односи. Дозволете и на интуицијата да ве води.
Лав
Денес е најважно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Повремено имате лоша процена и очекување расплет на случувањата од љубовниот живот. Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже вашата слаба страна.
Девица
Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.
nextpage
Вага
Ќе ви биде сервирана одлична шанса за напредок во кариерата. Единствено што се очекува од вас е да вложувате повеќе напори, затоа што ќе треба да научите многу нови нешта. Изненадување на љубовен план ќе ви го растрепери срцето.
Шкорпија
Некои желби на другите ќе ви бидат поголем предизвик и приоритет.Останете концентрирани и фокусирани за да научите повеќе. Денес ќе ги анализирате одново и одново работите кои поминале и ќе се подготвувате за нови активности. Можно е да ви биден побаран совет или услуга.
Стрелец
Можни се некои димнамични случувања во вашиот љубовен живот. Потребно е да направите некои промени за да продолжите понатаму. Денес е време за опуштање и релаксација на умот. Ќе треба да внимавате на финансиите и односот со соработниците и колегите. Тие очекуваат голема поддршка од вас а не шефување.
nextpage
Јарец
Време е за акција. Доволно долго размислувавте што и како да сторите. Денес направете го првиот чекор преку конкретни дејствија. Преземете малку повеќе ризик од вообичаено. Луѓето околу вас денес ќе влијаат не само на вашето расположение, туку и на начинот на кој што размислувате. Не дозволувајте мнозинството да ви наметне мислење кое вие не го прифаќате.
Водолија
Строго оценувате нечие однесување и новонастанатата ситуација на деловен план ја проценувате врз основа на личните мерила и критериуми. Упорно заговарате лични принципи, дури и по цена вашите соработници да имаат поинакво мислење. Се наоѓате во променлива или чувствителна фаза.
Риби
Потребно е да оставите сериозен впечаток на својата околина. Бидете дисциплинирани со цел да ги задоволите различните критериуми или вкусови. Љубовта секогаш делува инспиративно, доколку умеете да ја препознаете нејзината трага. Побарајте нечиј совет. Располагате со погрешни информации, а вашите прогнози звучат неубедливо.
