Дневен хороскоп 16 07 2018 Понеделник
Овен
Имате многу амбициозни планови и правите сè да ги исполните. Внимавајте во односите со колегите и не верувајте секому. Некои од нив, за кои мислите дека ви се пријатели, со нетрпение го чекаат моментот кога ќе направите некој погрешен чекор. Многу се трудите да му угодите на партнерот, но како да наидувате на ѕид. Тој има свое мислење и не е подготвен за компромис.
Бик
Делувате духовито и искрено, така што оставате симпатии на различните страни. Важно ви е да оставите добар впечаток на околината. Со брилијантна интелигенција покажете дека посдувате и некои особини кои ја откриваат емотивната страна или новите аспекти на вашата иличност. Проблемите со забите нема да пројдат сами.
Близнаци
Денес ве очекува една малку непријатна ситуација, која ќе морате да ја решите до крајот на денот. Концентрирајте се на проблемот, и успехот нема да изостане. Не дозволувајте двосмислените коментари да ви го нарушат мирот. Вие имате најдобри намери и не дозволувајте да бидете искористени.
nextpage
Рак
Исклучително успешен и креативен ден. Што и да правите, ќе го правите со леснотија. Водете сметка да не претерате со мечтите, бидејќи така можете да го загубите ионака несигурното место под нозете. Добро подгответе се за претстојниот состанок.
Лав
Избегнувајте го претераното експонирање во друштво на соработниците. Нема потреба да зборувате за работите кои предизвикуваат негативни реакции, подобро е да ја прифатите компромисната варијанта.
Девица
Доколку се занимавате со некоја работа која бара креативност, инвентивност и добри идеи, денешниот ден е многу поволен. Имате успех во работите поврзани за маркетинг. Чувствително грло, можни се болки и воспаленија.
nextpage
Вага
Потрудете се поправилно да ја контролирате импулсивната страна на својата природа. Потребно е да преземете поголема заштитничка улога во одредени ситуации пред своето семејство. Обрнете им внимание на настаните кои почнуваат да го загрижуваат саканото лице.
Шкорпија
Не се затворајте во четири ѕида и не се обидувајте да обавувате вонредни нешта во домот колку само да го поправите расположението. Ќе работите нешто кое во моментов не е неопходно, а мислите и понатака ќе ви лутаат и така нема да го решите проблемот. Најдете начин за исфрлање на негативната енергија.
Стрелец
Ќе имате многу енергија, па одлично ќе ви напредуваат работите поврзани со учење нови нешта. Ќе успеете да ја отворите вратата која подолго време ви била затворена. Ве очекува голем успех. Финансиската состојба не ви е стабилна.
nextpage
Јарец
Работите ви се одвиваат онака како што посакувате. Во овој момент не треба да очекувате стресови. Ќе имате и доста енергија, но морате да внимавате да не претерате, бидејќи ќе бидете помалку немирни и склони постојано некаде да брзате.
Водолија
Денес не донесувајте битни одлуки. Доколку сте во можност, одложете го тоа за следната недела. Бидете внимателни со парите и со трошоците кои ги правите. Особено треба да бидат внимателни оние што работат со пари. Денес обидете се да останете мирни и воздржани и да не започнувате нови работи. Наместо да го преиспитувате однесувањето на партнерот кон вас, време е да се преиспитате вие и вашиот однос кон него.
Риби
Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.
