Дневен хороскоп 07 11 2017 Вторник
ОВЕН
Вложете во надградбата на знаењето, елиминирајте ги предрасудите и сфатите оти никој не ви е виновен за ситуацијата во која се наоѓате. Затоа, наместо да ги обвинувате другите и да му се предавате на депресивното расположение, многу подобро е да бидете самокритични и подготвени за храбро противставување на ограничувачките фактори. Ако и понатаму ја манифестирате негативната енергија, тогаш нужно ќе се соочите со криза и стагнација.
БИК
Ако сакате да воспоставите нова визија во животот и да излезете од наметнатите ограничувања, ќе мора да промените нешто во однесувањето. Затоа, не ви се препорачува премногу да се опуштате и безрезервно да им верувате на другите. Досегашното искуство покажа дека непотребно се потпиравте на туѓите вредности и ги запоставувавте сопствените квалитети. Затоа, бидете решителни во настапот и отфрлете ги лицата кои манифестираат егоизам и полтронство.
БЛИЗНАЦИ
Добро е што пронајдовте начин за експонирање во јавноста, зашто со потиснување на сопствените вредности и со предавање на меланхолијата, тешко дека ќе се извлечевте од кризата и ќе пронајдовте позитивна визија за напредување. Затоа, верувајте во тоа што го поседувате, активирајте ја духовната и физичка убавина и создадете хармонични предуслови за воспоставување перспективна соработка со лицата кои ве опкружуваат.
nextpage
РАК
Без пријатели и најсилниот човек е несигурен, затоа отворете се за соработка со сите оние кои зрачат позитивно и покажуваат добронамерност. Треба да знаете дека ако покрај себе имате лица кои во секое време ќе бидат подготвени да ви помогнат, тогаш колку и да ви се силни непријателите, успехот и елиминирањето на штетните влијанија ќе бидат постигнати. Како и да е, влијанието на планетите е хармонично, поради што ќе воспоставите ред и дисциплина во животот.
ЛАВ
Уживајте во миговите на задоволство во доменот на љубовта, зашто тешко е да се предвиди кога повторно ѕвездите ќе ви отворат предиспозиции за предавање на еротскиот занес и романтичната стимулација. Затоа, храбро и решително тргнете кон предизвиците, елиминирајте ги предрасудите и надворешните ограничувања и докажете оти умеете да ја препознаете вистинската авантура на животот. На деловен план состојбата нема да ви биде најсовршена.
nextpage
ДЕВИЦА
За разлика од сферата на љубовта каде подолго време како да се наоѓате во лавиринт, состојбата на професионален план ќе ви се подобри. Затоа, прифатете ги предизвиците и не чекајте другите да ви го креираат животот. Напротив, манифестирајте решителност и согледајте ги можностите за отворање нови активности. Најважно е што работите ќе успеете да ги поставите на вистинското место и што ќе го елиминирате влијанието на недобронамерните лица.
ВАГА
Полека, но сигурно ќе ја постигнете целта, така што не се оптоварувајте со минатото, туку пронајдете сили за храбро реализирање на перспективите на иднината. Најважно е што ѕвездите хармонично влијаат кон вашиот зодијачки знак, што треба да ви овозможи стабилизирање на состојбата во љубовта, односно утврдување на суштинските приоритети во професионалната сфера. Доколку имате можност контактирајте со странство.
СКОРПИЈА
Надминете ја потребата за владеење со судбината на другите, опуштете се и почнете да размислувате за сопствените проблеми, наместо постојано да се окупирате со однесувањето и размислувањето на другите. Ѕвездите укажуваат дека мирот и хармонијата долго време ве заобиколуваат, така што се наоѓате во психофизичка криза, која ќе ја надминете, ако манифестирате поголема одговорност, стабилност и сигурност во настапот. Затоа, бидете конструктивно насочени кон целта.
СТРЕЛЕЦ
Високите вредности што ги поседувате укажуваат дека доволно се окупиравте со тоа што поминало, така што е време да се извлечете од психофизичката криза и да тргнете кон новитетите. Впрочем, најдобар показател дека треба да се ослободите од непродуктивната ситуација нека ви биде туѓата незаинтересираност за воспоставување позитивна соработка, поради што е илузорно и понатаму да вложувате во односот што е осуден на неуспех.
nextpage
ЈАРЕЦ
Конечно е дојдено вистинското време за искажување на вредностите и за подобрување на состојбата во љубовта, односно работата. Имено, планетите ветуваат подобра перспектива, така што ќе треба да ги прифатите предизвиците и да покажете подготвеност за промени. Но, ако и понатаму се дистанцирате од јавноста и бегате од искушенијата не очекувајте успех и реализација. Во секој случај, влијанието на Сонцето ќе ви овозможи напредок и нова стимулација.
ВОДОЛИЈА
Ќе мора максимално да се изборите за своите права и да не ја штедите енергијата при соочувањето со искушенијата, зашто заврши периодот на одмор и релаксација, така што е неопходно да покажете дека умеете да ги препознаете вистинските вредности и да ја реализирате целта. Затоа, експонирајте се во јавноста, не се откажувајте во миговите кога успехот ќе ја заобиколи вашата личност, бидејќи ѕвездите велат дека со упорно дејствување, сепак ќе го постигнете напредокот.
РИБИ
Психофизичката напнатост ќе успеете да ја надминете, ако наместо да ја вложувате енергијата во односите со лицата кои не ги почитуваат вашите ангажмани, почнете конструктивно и промислено да им приоѓате на околностите на животот. Затоа, време е да сфатите дека доволно ги идеализиравте и се жртвувавте за другите, зашто иако имате високи квалитети, тие не можеа да дојдат до израз, бидејќи зависевте од надворешните влијанија. Денеска постојат солидни можности да ја определите хармоничната визија и да иницирате позитивни промени.
