Дневен хороскоп 07 08 2018 Вторник
Овен
Во љубовта ѕвездите во овој момент не ви се наклонети. Можно е прекинување на врската. Во текот на денот очекувајте повик од деловен партнер со кој сте ја прекинале соработката. Можно е денеска да бидете нервозни.
Бик
Верувате во она што го слушате бидејќи во моментов тоа најмногу ви одговара. Немате време да се фокусирате на оние активности на кои би требало да се фокусираат вашите соработници. Мора да бидете малку построги кон нив и мора да воспоставите ред во својот живот бидејќи единствено така ќе ги исполните сите работи кои сте ги замислиле.
Близнаци
Минлива е кризата во љубовната врска. Планиравте повеќе време да и’ посветите на кариерата. Финансиите ви се постабилни. Бидете посебно внимателни особено со главата и стомакот.
nextpage
Рак
Многу сте амбициозни и тоа не го криете, напротив, подготвени сте многу и напорно да работите за да успеете во нешто што на многумина не им успева. Ви се отвораат нови можности кога станува збор за работа со странци или било кој вид усовршување во странство. Во состојба сте да ги импресионирате оние со кои работите.
Лав
На полето на кариерата не сте решиле се, но може да очекувате поволни вести во врска со нешто од порано. Малку се смиривте и сега можете на правилен начин да ги разгледате сите работни можности. Иако сте незадоволни од работата, не брзајте. Ќе ве израдува повикот на некој поранешен партнер. Во овој период ќе имате недостаток на пари и тоа ќе го зголемува вашето незадоволство.
Девица
Очекувајте повик и убава средба. На шефот можете слободно да му го кажете своето мислење, ќе ја цени вашата искреност. Можна е финансиска криза. Имате проблеми со варењето.
nextpage
Вага
Промената што сте ја направиле веќе влијае позитивно врз целиот ваш живот. Понекогаш треба да направите драстични промени, кои ќе ви овозможат да продолжите да ги исполнувате соништата и желбите. Попладнето поминете го со личност што ви е многу драга, а не сте ја виделе подолг период.
Скорпија
Ќе добиете повик од личност која е на пат. Во следните неколку дена немате потреба да се отповарувате со работа. Малку лошо се чувствувате.
Стрелец
Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред.
nextpage
Јарец
Конечно својот однос со саканата личност го доведовте во посакуваната рамнотежа или сте многу блиску до тоа. На работното место сте многу активни и лојални, па затоа и успехот не изостанува. Иако финансиската ситуација сé уште ви е нејасна, на повидок се нови проекти и можност за поголема заработка.
Водолија
Партнерот премногу работи и затоа нема време за вас. Секоја грешка во работата може да ја исправите доколку сте смирени. Здравјето ви е чувствително.
Риби
Пред да прифатите некаков договор прво побарајте писмено образложение и дајте си време да размислите. Се наоѓате во многу турбулентен период, особено на емотивен план. Не дозволувајте да ве зафати депресија, туку објективно разгледајте ги проблемите и побарајте помош од партнерот. Направете ги промените заедно, зашто само така и двајцата ќе се чувствувате рамноправно.
