Дневен хороскоп 06 10 2017 Петок
ОВЕН
Денес на работното место од вас ќе биде побарана одговорност. Колегите забележуваат дека имате некоја идеја што не сакате да ја откриете и вршат притисок врз вас. Сите тие непријатни случувања ќе ве направат многу емотивни, но во ниеден момент нема да сакате да ги откриете емоциите. Попладневните часови ќе ги поминете со партнерот во пријатна атмосфера, а некој од вас ќе отидат на тајна средба. Ако сте слободни, повеќе ќе размислувате за љубовта отколку што ќе делувате.
БИК
Денес ќе бидете нервозни. Најголемиот проблем е во тоа што не можете да лоцирате од каде доаѓа тој немир. Работите не се толку лоши, но за жал, не се ни толку добри. Барем не се онакви какви што вие сакате да бидат. Ако сте невработени, денес може да ви се насмее среќата. Ќе бидете повикани на разговор и имате голема шанса да ја добиете работата. Попладнето ќе го поминете во кругот на фамилијата, но веќе чувствувате дека ви треба воздух и би сакале да излезете надвор од домот.
БЛИЗНАЦИ
Многу сте амбициозни и брзо чекорите кон успехот. Но, денес бидете особено внимателни, затоа што на многумина не им се допаѓа тоа што го правите за да успеете. Денес може да се случи да бидете повредени. Некој од вашето опкружување ќе ви зададе директен удар, што ќе биде изненадување за вас. Бидете внимателни и не се впуштајте во тајни врски. Вие ги сакате дружењата и јавните места и таквите врски воопшто не ви одговараат.
nextpage
РАК
Не се согласувате со колегите на работното место, но никако да се побуните. Денес ќе бидете многу емотивни и на некој свој начин ќе се обидете да го искажете своето несогласување. Ако сте невработени можно е да добиете ненадејна шанса за вработување. Прикриените емоции кои ги имате кон една личност ве разјадуваат. Време е да го смените предметот на своето интересирање. Ако сте во брак, можно е финансиска добивка преку партнерот.
ЛАВ
На работното место ситуацијата е се уште нејасна. Веќе не знаете кој ги влече конците. Бидете внимателни и чекајте расплет затоа што можете да бидете вплеткани во некои игри кои не ви се својствени. Партнерот се уште ве поддржува, но некако трпението му е при крај. Обидете се да се однесувате тактично и да не ја наметнувате својата волја. Ако сте слободни, престанете да мечтаете за личноста што ви е недостапна. Време е да свртите нов лист и да отклучите нова врата.
ДЕВИЦА
Денес ќе се обидете да балансирате. Силите ви се веќе при крај и ако нешто не се смени, чувствувате дека ќе престанете тактички да се однесувате и на сите ќе им кажете што мислите за нив. Колегите имаат различни видувања на работата. Едни се обидуваат да ја контролираат со некои нејасни методи, додека другите сосема се повлекуваат. Денес бидете внимателни и во однос на партнерот. Веќе подолго време ве прави нервозни и доаѓате во ситуација да не можете да се воздржите од критиките. Обидете се да ја задржите смиреноста.
nextpage
ВАГА
Се обидувате со својот авторитет да им помогнете на колегите и на најдобар начин да им укажете на грешките. Не се обидувајте да инсистирате, затоа што вие го сторивте вашето, а нивно е дали ќе го прифатат. Брзината со која се менуваат работите во домот не ви одговара. Вие би сакале да остане се по старо, но семејството сака да направи некои промени. Не ви преостанува ништо друго освен да прифатите.
СКОРПИЈА
Се уште размислувате дали да излезете во јавност со вашите намери или да си дадете време додека не се создадат услови за тоа. Во себе водите разговори со шефовите и точно знаете што би им кажале, но стравувате од последиците. Како да сте западнале во некаков лавиринт и не гледате излез од него. Ако сте во брак или сериозна врска, партнерот не престанува да ве шокира. Тој се однесува невообичаено и не знаете што да правите. Дали да молчите или да покажете дека сето тоа ви пречи.
СТРЕЛЕЦ
Ако имате намера да започнете нешто ново, не се премислувајте. Премногу анализирате и не можете да ја согледате целата слика. Можеби ќе треба да побарате помош од некој што не е инволвиран во вашата работа. Тој полесно ќе согледа каде грешите. Со партнерот размислувате на ист начин, но работите ги интерпретирате различно. Тоа може да ви донесе повремени несогласувања.
nextpage
ЈАРЕЦ
Имате големи желби и полни сте со идеали, но сето тоа што сакате да го направите го правите на свој начин, брзо и ефикасно. Она што не можете да го остварите, го буткате под тепих и чекате подобри времиња. Ако работите со партнер или на некој начин сте поврзани со јавноста, не внесувајте толку многу емоции. Некогаш треба и да се опуштите и да дозволите друг да ја води играта. Партнерските односи се полни со тајни. Вие мислите дека партнерот воопшто не се сомнева, но не бидете толку сигурни.
ВОДОЛИЈА
Ќе имате многу бурен и напорен работен ден. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинаската љубов. Здраствената состојба е чуствителан намалете со храната.
РИБИ
Ретроградниот Меркур може да донесе проблеми во комуникацијата и во сообраќајот, но може и да врати некои работи од минатото на кои сте заборавиле. Во вашиот случај се работи за пари кои сте ги заработиле одамна, но, денес колегите ќе видат дека не се исплатени и ќе ве израдуваат.
