Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 03 10 2017 Вторник

Дневен хороскоп 03 10 2017 Вторник

Овен

Склони сте кон кавги со саканата личност или децата. Слободните ќе се соочат со додворувањето на една премногу наметлива личност. Правите одеднаш повеќе работи, па поради тоа може да дојде до хаос. Навреме прераспределете ги обврските, бидејќи моменталната криза може да заврши со колапс.

Бик

Не влегувајте во дискусии, бидејќи ќе кажете нешто што не го мислите. Се проектирате себе си во другите, па место да се занимавате со сопствените маани, ја критикувате околината. Ви претстои контакт со личности кои се пренападни за ваш вкус. Не се сомневајте во своите способности, туку одлучно спротивставете му се на притисокот.


Близнаци

Премногу сте оптоварени и поради тоа можете да бидете пренервозни. Намалете ги своите амбиции, не мора секоја задача да ја завршите без грешка. Имате голема потреба за суштински промени. Додека не ви се разјасни што конкретно ви е најважно, не повлекувајте никакви потези, бидејќи ќе згрешите.

nextpage

Рак

Бидејќи може да сте исклучително повредливи како резултат од изминатите денови и влијанијата на планетите, ќе се фрлите во некакви конспиративни зафати и односи, се што ќе правите ќе биде на некој начин конспиративно, тајно, но промислено и калкулативно.

Лав

Забавеното темпо утре нема да ви донесе олеснување, туку напротив. Вишокот на слободно време како да работи против вас, бидејќи премногу размислувате и гледате проблеми дури и онаму каде ги нема.Финансиската ситуација е нестабилна, па тоа ви ги нарушува семејните односи.

Девица

Изненадени сте од однесувањето на личностите за кои мислевте дека добро ги познавате. Не сте одговорни за туѓите постапки, па немојте ни да губите време за нивна анализа. Поради лошото расположение имате потреба да се изолирате од околината. Без оглед што мислите дека само тоа би ви годело, направете го спротивното. Време е за дружење.

nextpage

Вага

Денес ќе пристигнат некои информации во врска со работата и ќе се обидете да се ангажирате околу нивното спроведување. Но, во овој период не очекувајте поголем успех. Најдобро е да бидете пасивни и да собирате информации, а со работата да отпочнете подоцна кога за тоа ќе се создадат услови. На партнерот веќе не му обрнувате внимание и не реагирате на неговата потреба да ве научи нешто што тој смета дека не го знаете. Доколку сте осамени, имате желба да се надмудрувате со личностите кои ви се допаѓаат.

Шкорпија

Денот ќе ви биде релативно мирен и можеби и со бенефитни случувања ако сте така настроени од изминатите денови или како последица од случувањата во истите. Значи, убави динамични нешта посебно на планот на вашето социјално живеење, на планот на дружењата кои можат да бидат искрено речено и доста напорни за вас, посебно во недела, бидејќи ќе има еден куп преправања, подлажнувања, невистини и искривени нешта во вашите заемни односи.

Стрелец

Во семејната околина во најава се радосни настани. Добрата атмосфера создава идеални моменти за зближување кое во минатиот период ви недостасуваше. Не е поволен момент за воспоставување на нови контакти и започнување на активности кои се поврзани со недвижности. Внимајате кому ги доверувате своите тајни.

nextpage

Јарец

Денес ќе добиете шанса која треба да ја искористите. Преговорите што ќе ги водите ќе ви овозможат некои нови почетоци. Но, не избрзувајте со заклучоците и не кажувајте што мислите пред да дознаете другата страна што сака да понуди. Бидете внимателни со трошоците. Приливите не се онакви какви што сте планирале и поради тоа стегнете го малку каишот. Освен работата ве измачуваат и нерешените партнерски односи. Имате чувство дека нешто сте пропуштиле и сега тоа ви се одмаздува.

Водолија

Денес ќе бидете разочарани од однесувањето на колегите. Сметате дека не сте го заслужиле таквиот однос кон вас. Премногу сте одговорни и не си дозволувате да се повлечете и да ги оставите сами да ја сработат работата. Единствено што ви преостанува е да молчите и да работите. Партнерските односи ви се добри и не се враќајте во минатото ако сакате да останат такви. Доколку сте слободни, можна е интересна средба во друштво со старите пријатели.

Риби

Доколку имате сопствен бизнис, денес може да имате шанса да добиете нова работа која во идниот период ќе ви донесе добри приходи. Ако сте вработени во фирма, време е за мирување и за преиспитување на сработеното. Бидете внимателни со колегите и не им забележувајте за секоја ситница. Доколку сте вљубени, денес ве очекува пријатно изненадување од партнерот. Обидете се да не бидете сомничави и да не се прашувате која е причината за изненадувањето.


Слично

Поврзани вести