Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневен хороскоп 03 04 2017 Понеделник

Дневен хороскоп 03 04 2017 Понеделник

Овен 

Можна е напнатост поради работата наспроти домашните обврски. Како да го надминете тоа? Бидете искрени, задржете ја комуникацијата, но бидете директни. Не реагирајте импулсивно ако не сте задоволни од начинот на кој се одвиваат нештата.

Бик 

Поволна е ситуацијата во поглед на сите долгорочни планови, особено ако се занимавате со работа во која ви е потребен добар тим на соработници. Вашиот љубовен живот е многу покомплициран од деловниот иако изгледа спротивно. Проблеми со крвната слика.

Близнаци 

Ви се советува никако да не ја одбивате понудата која ве очекува. Би било добро да имате за советник некоја постара и поискусна личност, можно некоја која има врска со државните органи. Во љубовта сте прилично таинствени. Вашето здравје е добро.

nextpage

Рак 

Ве очекува напорен период особено ако очекувате промени на работа. Правите паралелни планови во врска со работата каде ви се дава можност да ја изразите својата способност. Љубовниот живот не ви е на прво место. Намалете ја прекумерната исхрана.

Лав

Способни сте, се истакнувате во она што сакате да го работите. Можете да очекувате успех особено во работата со Стрелец. Во љубовта сте прилично конзервативни, можеби и малку тврдоглави и не сте свесни дека поради вашиот карактер сами си создавате проблеми во односите со партнерот. Здравјето ви е добро.

Девица 

Можносите се се поголеми да се истакнете во јавноста, да бидете во добри односи со партнерот или да пронајдете соработници за работата каде вашите способности ќе дојдат до израз. Би требало да се дружите со лицата кои се поинакви од вас. Поведете малку сметка за здравствената состојба.

nextpage

Вага 

На се можно бурно реагирате, без оглед на тоа дали станува збор за емотивната врска или за работата. Можете да очекувате нови деловни понуди од едно лице од деловната околина. Склони сте на тајните врски со лицата кои се присутни во јавноста. Вашиот црн дроб е осетлив.

Скорпија

Ве очекува можноста да започнете разговор за некоја сериозна работа. Можна е средба со некој роднина кој долго не сте го виделе или ќе добиете добри вести од некој кој ви е исклучително драг и пред кој немате никакви тајни. Чувајте се од можни изгореници.

Стрелец 

Од вас се очекува да се истакнете во работата која ја обавувате. Можно е да имате доверба во огнените и воздушните знаци која ќе ви помогне своите идеи полесно да ги реализирате. Можно е да сте во врска со личност која е прилично каприциозна. Можна е мигрена.

nextpage

Јарец 

Обидете се овој период да ги искористите партнерските односи со еден Овен. Ви одат од рака интелектуалните и уметничките работи. Можно е да имате интересна љубовна средба со некој кој одамна го познавате, можно е да станува збор за огнен знак. Чувајте се од можна настинка.

Водолија 

И покрај разните стресови на кои сте изложени ќе бидете во состојба се да надминете благодарение на добрата волја. Некои нови решенија ќе ви се наметнат сами по себе. Некој нов ќе се појави во вашиот живот. Проблеми со белите дробови, избегнувајте задимени простории.

Риби 

Ве очекува добар пресврт на работа или договор во врска со нешто што за вас е многу важно. Многу сте доминантни и постигнувате одлични резултати со малку напор. Се наоѓате во поволен период кога станува збор за решавањето на љубовните проблеми. Можни проблеми со притисокот.


Слично

Поврзани вести