Дневен хороскоп 02 08 2017 Среда
Овен
Веројатно ќе добиете прилика да го водите разговорот кој ви го закажал вашиот надреден и кој е важен за вашето деловно докажување. Ако сте ги чекале своите пет минути, сега е време да ги искористите поволните случувања и да завладеете во вашиот сектор. Постои можност да добиете некоја награда или пари на игрите на среќа.
Бик
Очекувате покана за на некој краток излет, а ако се случи немојте да ја одбиете. Романтични или деловни патувања, па дури и ако се пократки во моментот добро ќе ви дојдат. Имате потреба за стекнување на нови знаења, а за тоа нема подобри работи од откривање на нови краеви и стекнување на нови пријателства.
Близнаци
Сте успеале да ја пребродите кризата и да испливате од проблемите и тоа од оние кои директно делуваат врз вашето расположение. Работите ги држите под контрола , успешни сте и задоволни. Сите услови ви се наклонети, па што чекате искористете ги максимално.
nextpage
Рак
Ќе направите некои погрешни заклучоци или погрешна проценка која може да биде многу важна за вашето работно место. Постојано имате проблем да сватите дека работата мора да постои во животот и дека мрзеливоста и негодувањето треба да ги отстраните. Некоја порака сериозно ќе ве замисли.
Лав
Внимавајте на погрешни проценки, а исто така избегнувајте зависност од туѓи мислења и сугестии на професионален план за да имате успех и напредок. Најважни ќе бидат вистинските информации и вештината за говорење и пишување. Некои од вас ќе соработуваат со пријатели или роднини, а некои ќе тргнат на пат поврзан со некоја хонорарна работа.
Девица
Оптоварени сте со размислување за нешто што всушност веќе започнало и не можете на него да влијаете. Денес сте особено сентиментални кон блиските лица кои имаат многу проблеми. Напорен ден бидејќи треба да се организирате добро за да стигне навремено да ги извршите сите обврски кои ви се доделени.
nextpage
Вага
Можно е да добиете покана за некој значаен настан. Тоа би можело да биде прилика да се состанете со важни луѓе, кои би можеле да ја унапредат вашара кариера на некој начин. Вашата енергија и ентузијазам ќе бидат забележани. Нека не ве загрижува развојот на настаните во иднина.
Шкорпија
Многу сте снаодливи и не ви е проблем да излезете на крај со необичните ситуации кои ви се случуваат. На љубовното поле употребете ги фантазиите и изненадете го партнерот.
Стрелец
Вашиот деловен интерес полека се насочува кон истражување. Она што сте го постигнале, тука е, но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани или скриени работи. Некои ќе се обидат да ги остварат своите соништа на сосема необичен начин.
nextpage
Јарец
Вие се обидувате да се фокусирате на работата и здравјето бидејќи на тие полиња минатите денови беше лошо. Бидејќи во семејството доаѓа до значајни промени, не оптоварувајте се со она што не ви оди. Тргнете им во пресрет на убавите нешта, барем во мислите.
Водолија
Вашата друштвена природа и желбата за комуникација моментално се во прв план. Одлично се чувствувате бидејќи сте задоволни во сите сегменти од животот. Партнерот се труди пријатно да ве изненади. Доколку не успее, потрудете се да одглумите задоволство.
Риби
Под голем притисок сте и не ви е лесно да излезете на крај со бројните деловни обврски кои се пред вас. Во љубовта можете да очекувате интересни случувања, ви следи познанство со необично лице.
