Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска им е именден, а еве зошто треба да си имате една Кристина покрај себе

Денеска им е именден, а еве зошто треба да си имате една Кристина покрај себе

На 13 февруари, според католичкиот календар, именден слават сите оние кои се викаат Кристина. Но, од каде потекнува ова име и какви се личностите кои го носат?

Кристина е изведено од грчкиот збор Кристос што значи Христијанин, но и „крстен“ или „оној кој верува во Бога“, иако и има и други толкувања на името кои се поврзани со крштевањето. Во коренот на името е зборот Крист (од Исус Христос), па ова име најчесто се поврзува со светото крштевање. Сепак има и други значења како „жена Кристијанка“, „Божја ќерка“, „безгрешна“ или „онаа која е дар од Бога“.

Тие кои се викаат Кристина често имаат и скратени називи на името па ги викаме Тина, Кика, Крис. Личностите кои го носат ова име се опишуваат како многу добродушни и секогаш подготвени да им помогнат на луѓето и да ги сослушаат. Кога ќе се спријателите со Кристина, можете да бидете сигурни дека сте нашле пријателка за целиот живот.

Кристина исто така ја красат и скромност ама и тврдења дека тие се личности кои се затворени а можат да ги поместат ѕидовите за да го заштитат своето срце од луѓето кои сакаат да ги повредат.

Ова име го носат и некои познати личности како Кристина Агилера, Кристина Ричи, Кристина Хендрикс, Кристина Милиан.


Слично

Поврзани вести