ДАРКО ЛАЗИЌ ВОДИ ТЕШКА БИТКА: Каква е состојбата на пејачот кој доживеа стравична сообраќајка?
Дарко Лазиќ сеуште се наоѓа во вештачка кома во која е поради тешките телесни повреди кои ги здобил во вторникот утрото кога со својот автомобил четири пати се превртел и слетал во ливада. Ана Севиќ, пејачката и сњуште законска сопруга на Дарко Лазиќ во 2013 година доживеала исто така сообраќајна незгода.
Таа тогаш била со своите колеги со кои се враќала од хуманитарен концерт а несреќата се случила на автопатот Белград-Нови Сад. Во периодот на опоравување Дарко бил цело време покрај неа и ниту секудни не се раззделувал од неа.
Тогаш се констатирани повреди поради кои морала да мирува, а цело време покрај неа бил Дарко. Имала скршени вратни пршлени, а во колената и се појавила вода.
-Благодарна сум му на Бог што сум жива. Наредните десет дена ќе мора да носам ортопедски помагала-раскажуваше тогаш Ана.
Во текот на вчерашниот ден таткото на Дарко кажа дека неговиот син е добро, но повеќе детали не сакаше да коментира.
Семејството постојано се моли за пејачот и бара од јавноста да не ги вознемирува во вакви моменти кои се исклучително сензитивни.
