Економија, финансии, бизнис

Контакт

Звучни ВМРО-вски имиња донираа за владејачката партија, кои беа финансиери на СДСМ во изборната кампања?

Звучни ВМРО-вски имиња донираа за владејачката партија, кои беа финансиери на СДСМ во изборната кампања?

Како донатори за изборната кампања за градоначалник на Град Скопје и градоначалници на другите општини се појавуваат имиња што соодветствуваат на имињата на актуелни градоначалници, пратеници, сегашни функционери, директори и министри.

Донации од индивидуалци за кампањата на ВМРО ДПМНЕ

Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ преку донации за клучната избрна кампања што се однесуваше за промоција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје и за избор на другите градоначалници преку донации обезбеди 1,5 милиони евра.

Еве дел од плејадата на скоро 1700 имиња што се појавуваат како донатори на оваа кампања :

Антонио Милошевски на 16 ти мај донирал 31 000 денари.

Роберт Орданоски на 16 ти мај донирал 45 000 денари. (директор на Агенцијата за електронски комуникации)

Маре Богоева Мицовска на 17 ти мај донирала 25 000 денари ( исто име има директорка на Биро за јавни набавки) Крсто Мукоски на 17 ти мај донирал 27 000 денари ( пратеник) Марија Хаџи-Лега на 17 ти мај донирала 27 500 денари ( директорка на Клиника за гинекологија и акушерство) Оливер Деркоски на 17 ти мај донирал 30 000 денари ( пратеник, поранешен директор на МЖ Транспорт) Спиро Ристовски на 17 ти мај донирал 30 000 денари. ( министер) Биљана Беличанец Алексиќ на на 17 ти мај донирала 30 000 денари ( градоначалник на Кисела Вода) Ане Лашкоска на 17 ти мај донирала 30 000 денари. ( пратеник) Илија Димовски на 17 мај донирал 30 660 денари ( пратеник) Миле Јанакиевски на 17 мај донирал 33 000 денари ( министер) Благородна Дулиќ на 17 мај донирала 35 000 денари ( пратеник) Коце Трајановски на 17 мај донира 35 000 денари ( градоначалник на Скопје) Ванчо Каргов на 20 ти мај донирал 30 000 денари( директор на Царинската Управа). На листата донатори, со ставка “услуга“ се појавија и повеќе од 30-тина медиуми, национални, локални и сателитски телевизии, компанија што менаџира дневни весници и неколку радија. За изборната кампања, според објавените податоци, Коалицијата потрошила околу 1,8 милиони евра, пари обезбедени главно од донации. Според објавените извештаи по сите основи, на сметката на Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ има минус од 284 илијади евра, односно за оваа сума нема покритие со донаторски пари . Донатори индивидуалци на коалицијата на СДСМ

За изборната кампања за локалните избори 2013 та години, опзицискиот фронт предводен од СДСМ, според финалниот финасиски извештај потрошил 452 илјади евра. Наголемиот дел од оваа сума е обезбеден преку комерцијален кредит, додека мал дел преку донации.

Како донатори на изборната кампања се појавуваат неколку звучни имиња кои главно беа директно вклучени во избрната трка :

Името на Менде Диневски се појавува во три наврати, две донации  во март од по 60 000 денари, и уште една донација во април во вредност од 70 000 денари

Златко Ќурчиевски во март донирал 30 000 денари ( кандидат за советник во Битола)

Јулијана Силјановска во март донирала 15 000 денари ( кандидат за советник )

Валентин Груевски во март донирал 30 000 денари ( кандидат за советник )

Од поединечни донации опозициската коалиција предводена од СДСМ собрала 9 200 евра. На списокот на донатори нема ниту едно име на некој од медиумите во земјава.

Слично

Поврзани вести