Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку вложува државата во обновливи извори на енергија?Засега е готова само една фотоцентрала лак која биле констатирани недостатоци

Колку вложува државата во обновливи извори на енергија?Засега е готова само една фотоцентрала лак која биле констатирани недостатоци

Енергетската трансформација и независност се најавува со години во Македонија, но до каде се досега инвестициите во проектите за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори?Засега од страна на државата е изградена само една фотоцентрала од 10 мегавати кај која во меѓувреме биле констатирани недостатоци. Се ова се случува додека времето ги гази термоцентралите, а се помалку има квалитетен јаглен во рудните наоѓалишта во земјата.

Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ) како носител на проектите во својот извештај од работењето за 2025 информира дека се работи на изработка на физибилити студија за проточна хидроелектрана на реката Вардар кај Неготино, изработена е студија за хибридна фотоволтаична електрана во Богданци со батериски системи, направена е техничка анализа за пловечки фотонапонски централи кај ХЕЦ Шпилје итн, но експлицитно не е објавено од каде ќе се финансираат овие замисли.

Договори за заем со Кредитната банка за обнова и Европската банка за обнова и развој има за две фотоцентрали од 100 мегавати и од 60 мегавати во Битола. Со меѓународен заем ќе биде финансирана и третата фотоцентрала кај Битола од 20 мегавати за која се еволуирале понудите за изградба. За овој период е предвидено и потпишување на договор со изведувач на втора фотоцентрала кај Осломеј од 10 мегавати.

Единствено завршен проект е првата фотоцентрала од 10 мегавати кај Осломеј која работела и произведувала струја во 2023, но како што е запишано во извештајот на ЕСМ, апликацијата за одобрение за употреба потоа била одбиена. Изведувачот потоа добил уште 336 дена рок за корекции, а потоа и 71 месец. На 22 декември 2025 бил добиен записник од техничката инспекција со „констатирани недостатоци по извршениот технички прием“.

Што се однесува до ветерните паркови, се вршеле мерења за евентуално нова ветерна централа во Миравци, додека во Богданци се градат уште четири ветерни турбини.како втора фаза, но без јасен рок на завршување.

Власта најавува капитални проекти како Чебрен, когенеративната гасна централа во Новаци, како и новите ветерни и фотоволтаични паркови, од кои се очекува да ја намалат увозната зависност и да придонесат за постабилно снабдување со струја.

А.К.

Слично

Поврзани вести