Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рајфајзен и Алта Груп донесоа убедлива победа за Адико во војната со НЛБ

Рајфајзен и Алта Груп донесоа убедлива победа за Адико во војната со НЛБ

„Рајфајзен банк интернешнл“ (РБИ) потврди дека по истекот на законскиот рок за повлекување на прифаќањето на јавната понуда (на 23 јули во 17:00 часот), нема пристигнато барања за повлекување на претходно депонираните акции. Ова значи дека РБИ го достигна минималниот праг од 55 проценти, кој го постави како главен услов за успех на својата јавна понуда.

Според последните објавени податоци, јавната понуда на Raiffeisen Bank International AG беше прифатена од акционери кои претставуваат 55,58 проценти од акциите релевантни за пресметка на минималниот праг. Тоа се вкупно 10.720.331 акција на „Адико банка“ (Addiko Bank), вклучувајќи и 1.878.167 акции во сопственост на „Алта груп“ (Alta Group).

Периодот на прифаќање на понудата ќе трае до 17:00 часот на 29 јули, по што се очекува официјално да бидат објавени конечните резултати.

 Непријатен пораз за Бродњак и НЛБ

Поразот на НЛБ е уште поизразен за групацијата предводена од Блаж Бродњак, со оглед на тоа што НЛБ понуди дури 37 евра по акција за „Адико банка“ (минус идните исплати на дивиденда). Оваа понуда беше значително повисока од онаа на РБИ и претставуваше премија од 39,6 проценти во споредба со конкурентската понуда на австриската банка од 26,5 евра по акција.

НЛБ неодамна го намали прагот за успех на понудата од 75 проценти на 50 проценти плус една акција, но ниту тој маневар не донесе резултат. Оваа година НЛБ успеа да собере помалку од 30 проценти од акциите на „Адико“, додека пред две години, со значително пониска понуда, поседуваше 36,39 проценти.

НЛБ и РБИ се во трка за „Адико банка“ пред сè поради тоа што нејзиното преземање би ѝ овозможило на РБИ враќање на словенечкиот пазар, кој го напушти пред неколку години по затворањето на седиштето во Марибор. Од друга страна, НЛБ сакаше преку ова преземање да го прошири своето присуство во регионот и, пред сè, конечно да влезе на хрватскиот банкарски пазар — единствениот во регионот каде што сè уште нема свои филијали.

Според информациите на мариборски „Вечер“, НЛБ во последните пет години се обидува преку неформални канали да добие банкарска лиценца од Хрватската народна банка (ХНБ). Сепак, се чини дека овие напори не добија поддршка ниту од владата на Андреј Пленковиќ, ниту од ХНБ.

 Влезот на хрватскиот пазар останува контроверзен

Потенцијалниот влез на НЛБ на хрватскиот пазар предизвикува големи контроверзии во Загреб поради тридеценискиот нерешен спор околу старите девизни заштеди. Поради ова, хрватскиот портал „Пословни дневник“ упати прашање до Хрватската народна банка за тоа каквa би била нивната позиција во оваа хипотетичка ситуација.

 „Стекнувањето квалификуван удел (удел што претставува 10 или повеќе проценти од капиталот или правата на глас) во кредитни институции е регулирано со Законот за кредитни институции, подзаконските акти и регулаторната рамка на ЕУ. Стекнувањето квалификуван удел во кредитна институција со седиште во Република Хрватска е предмет на претходно одобрение, кое од моментот кога ХНБ се приклучи на Единствениот надзорен механизам, го издава Европската централна банка (ЕЦБ), во соработка со ХНБ. Хрватската народна банка не е во можност да коментира поединечни барања или одлуки за одобрување или одбивање, бидејќи тоа претставува доверлива супервизорска информација“, се вели во одговорот од ХНБ.

Неофицијално, Европската централна банка најпрво ќе побара официјално мислење од Хрватската народна банка пред да донесе каква било конечна одлука.

Пословни.хр

Слично

Поврзани вести